Сите многу добро сме запознаени за важноста на калциумот, кога станува збор за коските. Тој е минерал кој го чува здравјето на нашите коски, го одржува здравјето на срцето, ги зацврстува мускулите и нервите и забите. Поради тоа, консумирањето на доволно количество на калциум е особено важно за правилното функционирање на целиот организам.
Повеќе од 99% од калциумот во нашето тело се складира во коските и забите, и тоа ја одржува нивната цврстина. Кога калциумот се апсорбира во нашето тело тој со помош на витаминот Д се транспортира до коските. Таму, заедно со фосфорот им даваат цврстината на сите коски.
Доколку ви се појави некој од следниве симптоми, многу веројатно е дека имате недостаток на калциум:
- Болки во зглобовите и лесно кршливи коски;
- Кршливи нокти;
- Проблеми со спиењето;
- Грчеви во мускулите;
- Егзема;
- Вкочанетост во нозете и рацете.
Ако не се лекува, недостатокот на калциум може да доведе до остеопороза. Остеопорозата е заболување на коскениот систем, кое води до намалување на еластичноста на коските и појава на скршеници.
Внесувањето на доволно количество витамин Д ја подобрува апсорпцијата на калциум од организмот.
Калиумот е многу важен минерал за правилно функционирање на сите клетки, ткива и органи во човечкото тело. Заедно со натриумот, калциумот и магнезиумот, калиумот ја оформува групата на најважни минерали и електролити.
Лошите навики за исхрана, лошиот начин на живот, можат да доведат до недостаток на калиум во телото. Иако тој е минерал кој се среќава во скоро сите групи на храна и не предизвикува посериозни болести, сепак е многу важен за целосно здравје и правилно функционирање на телото, особено за срцето.
Недостатокот на калиум се нарекува хипокалемија и настапува кога нивото на калиум во телото е под нормалното. Некои од симптомите кои се појавуваат при недостаток на калиум се:
- Омалаксаност;
- Постоја замор;
- Грчеви во мускулите;
- Запек;
- Неправилен ритам на срцето (аритмија)
Наша препорака: Nature Essential – Калциум & Витамин Д + Магнезиум
Коските, зглобовите, рскавиците се само мали делчиња од машинеријата наречена скелетен систем кој ни дозволува да одиме, седиме, трчиме, да се движиме и да мислиме дека можеме да полетаме. Но, како и секоја добра машина, и на оваа потребно и е квалитетно гориво за работа. Во овој случај тоа се наоѓа во симбиоза од витамин и минерали со неверојатна моќност.
Калциум – витамин Д – магнезиум
Тоа е фантастичносто трио кое се грижи за вашите заби и коски. Совршена комбинација за скршеници и третман по непријатни повреди на коските и мускулите и превенција. Заштита на нервниот систем и имунитетот.
ПРОДАЖНИ МЕСТА:
Еурофарм Аптеки, Виола Аптеки, Галениум Аптеки, Cosmo – Tinex и сите подобро снабдени аптеки.
НАПРАВЕТЕ БРЗА ONLINE НАРАЧКА:
https://alfalab.mk/proizvodi/ca-vD-mg
Направете телефонска нарачка секој работен ден од 8:30 до 15:30 часот.
Телефон за нарачки: 02 3218 821
(Достава до домашна адреса со брза пошта)