Бакнувањето позитивно влијае на здравјето и тоа го потврдија разни студии. Новото руско истражување покажа на кој начин бакнежите го подобруваат нашето здравје.
1. Бакнување го прилагодува кардиоваскуларниот процес и го намалува крвниот притисок и нивото на холестерол.
2. Бакнување стимулира над 30 фацијални мускули кои се одговорни за мазна кожа и да се забрза крвотокот.
3. Еден бакнеж за пет минути согорува 12 калории.
4. Друга работа во врска со крвниот притисок е тоа што со бакнување се спречува развојот на хормонот на стрес гликокортикоид , кој е причина за висок крвен притисок, мускулна слабост и несоница.
5. Бакнувањето е природен лек, бидејќи плунката уништува некои од бактериите. Имено, плунката содржи бактерии кои се заеднички кај 80 проценти од луѓето, додека 20 проценти се единствени. Со бакнувањето, односно со размена на плунката нашиот имунолошки систем се прилагодува на бактеријата на која е изложен. Резултатот на тоа е создавање антитела кои не штитат од тие микроби.
6. Со бакнување нашиот мозок анализира согласност со лицето на другата страна. Дали веќе ви се случило по првиот бакнеж да ви е јасно што не ви се допаѓа во врска со одредена личност ?
7. Последен, но не најмалку важен податок. Бакнувањето е ефикасно против икање.