5 најважни придобивки од „заборавениот витамин К2“

Кога помислуваме на здравје, здрава исхрана и убавина, повеќето од нас сакаат да се чувствуваат поздраво, да изгледаат помладо и да живеат подолго. Доброто здравје е поврзано со еден комплексен спектар на хемиски и биолошки дејства кои се случуваат во клетките на нашите тела.

Знаеме дека витамините го обезбедуваат организмот со основните хранливи материи кои се потребни за изградба на коските, за здравјето на срцето и за одржување на нашиот мозок и нервниот систем.

Додека повеќето од нас знаат за витамините А, Б, Ц, Д и Е, ние ќе се осврнеме на витаминот К2 – „заборавениот витамин“. Добро се познати придобивките од витаминот К2 во балансирањето на згрутчувањето на крвта, но  клиничките истражувања исто така ја утврдиле улогата на витаминот К2 во изградбата на здрави коски и за бројни болести. Сега ќе ги наведеме најважните 5.

1 . Градење здрави коски

Како дел од семејството на хранливи материи наречени menaquinones (МКС), витаминот К2 помага на телото за искористување на калциумот и за изградба на коските – како на цврстата  надворешна школка така и на сунѓерестото внатрешно ткиво на коскениот матрикс.

Целиот скелет постојано се поправа, така што тој целосно се обновува, повеќе или помалку,  приближно на секои седум години.

Еден од најважните протеини во изградбата на коските се нарекува остеокалцин, на кој му е потребен природен витамин К2 за да може правилно да функционира.

Кога витаминот К2 е дефицитарен на подолг период, тоа може да доведе до губење на калциумот во коските и намалување на нивниот квалитет.

2 . Калцификацијата во крвните садови

Покрај тоа што витаминот К2 помага за да се поврзе калциумот со нашата коскената структура, овој витамин истовремено го намалува и таложењето на калциумот во крвниот систем.

Калцификацијата во крвта ја зголемува вкочанетоста и кревкоста на крвните садови, а понекогаш го попречува нормалниот протокот на крв до и од срцето. Неодамнешните истражувања недвосмислено ја потврдуваат улогата на витаминот К2 во спречување на васкуларните калцификации.

3. Витамин К2 и коагулација

Овој витамин е потребен во црниот дроб за синтеза на факторот за коагулација. Неопходен е за создавање протромбин кој помага, односно е дел од каскадата на згрутчување на крвта.

Пациентите кои се на антикоагулантна терапија треба да консумираат храна богата во витамин К2 или да земаат додатоци. Исто така, помага и при спречување внатрешни крварења, а корисен е и за намалување на менструалниот облив.

4. Неопходен за новороденчиња

Мајчиното млеко е многу сиромашно со витаминот К и бебињата не можат сами да го произведуваат во цревата. Затоа се препорачува бебињата да добиваат дополнително витамин К и К2.

 

Доколку постои недостаток на витамин К во плацентата на мајката, односно кај трудниците, постои можност да се јават скелетни деформации кај новороденчето.

5. Витамин К2 помага за темните подочници

Овој витамин е ефикасен во борбата против модерните подочници, па затоа козметичарите препорачуваат да се нанесува на кожата пред спиење, а секако во организмот да има доволно количество.

Тој е одличен за губење на кожата под очите, навлегува низ порите се до оштетените капилари и артерии, го спречува внатрешното крварење, со што го спречува и згрутчувањето на крвта. На овој начин не дозволува да излезат темни подочници и му помага на ткивото да зарасне.

Пробај уште денес!

Dr. Viton – K2 Komplex можеш да го набавиш и во аптекитe на: Еурофарм, Виола, Галениум, Бети, во сите други подобро снабдени аптеки, како и во ДМ-дрогериите и Cosmo – Тинекс!

Нарачај го веднаш онлајн на: https://alfalab.mk/proizvodi/k2-komplex/

или на телефонскиот број: 02 3218 821 (Секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот )

Dr. Viton – K2 Komplex ќе ти го доставиме на твојата домашна адреса со брза пошта!