Подочниците и темните кругови околу очите порано или покасно се појавуваат кај секој од нас и нè прават да изгледаме уморени и ненаспани. За некои овие непријатни проблеми се секојдневие. Денес постојат различни начини за да се ослободите од нив или едноставно да ги прикриете.
ЗОШТО СЕ ПОЈАВУВААТ?
Причините за појавата на подочниците и темните кругови се различни.
- Гени – можат да бидат наследени. Ако ве мачи овој проблем, голема е веројатноста и други членови од вашето семејство да го имаат.
- Изложување на сонце – особено во лето, ја прави кожата под очите потемна. Тоа важи и за луѓето со потемен тен.
- Алергии – секоја инфекција на очите која предизвикува чешање, може да придонесе за образувањето на темни кругови околу очите.
- Лекови – сите лекови кои ги прошируваат крвните садови, водат до создавање на темни кругови. Тоа е така, затоа што кожата под очите е многу тенка и потокот на крв е видлив преку кожата, во форма на темни кругови.
- Исхрана – строгите и небалансирани диети или недостатокот на витамини и минерали, водат до создавање на темни кругови околу очите.
- Стрес или отсуство на добар сон – отсуството на добар сон ја прави кожата на лицето да изгледа побледа и затоа крвните садови под тенката кожа под очите се повидливи.
- Бременост и менструација – за време на бременост и за време на циклусот, кожата на лицето е бледа и крвните садови се повидливи.
- Стареење – со стареењето се зголемува веројатноста за појава на темни кругови околу очите. Во многу случаи тие остануваат постојано видливи.
Дерматолозите препорачуваат витамин Ц
Голем број дерматолози препорачуваат нанесување на витамин Ц на кожата поради неговото магично својство за осветлување на кожата. Факт е дека најмалото подобрување може позитивно да влијае на квалитетот на животот.
Dr. Viton Vitamin C Eye Mask
Природен чистач на подочници
Витаминот Ц овозможува изедначување на кожата и го заздравува пределот околу очите. Уморниот изглед повеќе не е Ваша одлика, сега уживајте во помлад и енергичен изглед. Витаминот Ц овозможува ист тон на кожата, а исто така и ја заздравува отежнатоста или торбите под очите.