Пасифлората е цвет кој содржи активни фитохемикалии, вклучувајќи група на алкалоиди, одговорни за анти-анксиозност и антидепресивни ефекти. Истражувањата покажаа дека пасифлората не е само безбедна алтернатива на конвенционалните лекови за анксиозност, туку е исто толку ефикасен како диазепамот и други лекови за смирување, само што не создава зависност како другите антидепресиви кои ви ја одземаат енергијата и ве прават безживотен/а.
- Помага при анксиозност – смирувачката способност на пасифлората се должи на процес кој ги зголемува ослободувањата на специфичниот мозочен невротрансмитер кој го стимулира ослободувањето на хемикалија наречена GABA, позната за намалување на анксиозноста и подобрување на расположението. GABA, исто така, помага да се релаксираат мускулите, поради што пасифлората се користи за епилепсија и други напади. Неколку студии беа спроведени во однос на предоперативен стрес. 90 минути пред операција на 60 пациенти им дале 500мг екстракт од пасифлора, а на останатите плацебо. Оние пациенти кои земале пасифлора покажале значително помалку симптоми поврзани со анксиозност, за разлика од групата која земала плацебо. Истражувачите заклучиле дека пасифлората ја намалува анксиозноста без ризик да поттикне зависност. Ова е одлична вест да се зема пасифлора, на пример пред да се оди на стоматолог, за луѓе како мене, што одма ги фаќа паника од самата помисла.
- Природен антидепресив– пасифлората традиционално се користи како антидепресив, а неодамнешните истражувања покажуваат дека ги зголемува ефектите на кантарионот. Една студија го испита комбинираниот ефект на кантарион и пасифлора и заклучи дека пасифлората значително ги подобрува антидепресивните ефекти на кантарионот.
- Во битка со несоницата -една од најчестите медицински употреби на пасифлората е ублажување на несоницата. Поконкретно, неодамнешните истражувачи заклучија дека употребата на пасифлора дава придобивки за мирен и лесен сон.