Природен антидепресив…Дознајте кое интересно цветче прави чуда

Пасифлората припаѓа на семејството на брзорастечки винови лози кои најчесто се среќаваат низ Америка и повремено во Југоисточна Азија или Австралија. Традиционално пасифлората се користела за лекување на различни состојби како  рани, проблеми со ушите и проблеми со црниот дроб. Но придобивките за справување со анксиозност, несоница, депресија…се неверојатни.

Пасифлората е нежен седатив со смирувачко дејство. Ја ослободува мускулната тензија без да влијае на респираторната стапка или психолошката функција, за разлика од сите други седативи.

Релаксатор на вашиот ум и мускулите
Пасифлората ја ублажува несоницата и анксиозноста. Ова соединение ја намалува активноста на мозокот, при што помага за да се опуштите и да спиете подобро. Се смета дека смирувачката способност на овој цвет е зголеменото ослободување на специфичниот мозочен невротрансмитер кој го стимулира ослободувањето на киселина, позната за намалување на анксиозноста и подобрување на расположението. Мускулите се релаксирани, со што се употребува при епилепсија и други напади.

Природен антидепресив
Билка, која е борец против депресијата. Пасифлората придонесува за зголемување на антидепресивните ефекти на кантарион.

Стрес и анксиозност
Пасифлората се користи за борба против нервоза, вознемиреност и притисок. За разлика од диазепамот на пример, ова растение не предизвикува поспаност или недостаток на енергија. Пасифлората е одлична за анксиозно растројство.