Времето е една од омилените теми за разговор. За атмосверските случувања често зборуваме за да имаме нешто за разговор со колегите. Меѓутоа, за временските прогнози разговараме и заради посериозни причини.
И покрај тоа што одамна е познато, најновите научни истражувања потврдуваат дека времето има големо влијание на нашиот организам во целост. Надворешните атмосверски влијанија ја зголемуваат осетливоста на организмот и го поттикнуваат на психофизички реакции.
Кога се менува времето се чувствуваме изморено, а не можеме да спиеме, кога врне дожд лошо сме расположени и не боли глава, а кога има ветер раздразливи сме и нервозни. Истражувањето покажа дека се повеќе се оние кои малку или повеќе се осетливи на влијанието на климатските промени кои ги опкружуваат, значи Метеропати. И покрај тоа што најзагрозени се сметаат оние во средните години, посебно жените, метеропатијата ги погодува сите категории на луѓе, од малите деца до стари особи.
Според статистичките податоци се поголем број луѓе речиси 50% од населението во Средна Европа се жали дека страда поради временските промени.
Експертите сметаат дека осетливоста на временските промени може да стане болест на модерното општество.
И покрај тоа што времето може да ни го отежни животот и секојдневното функционирање, ако се потрудиме со овој проблем можеме успешно да се справиме. Пример, за да го направиме нашиот организам прилагодлив на времето во средината во која живееме, треба што помалку да престојуваме во затворени простории, бидејќи е докажано дека меѓу лицата кои постојано се движат и претежно работат во надворешни услови речиси и нема метеропати.
Зошто времето силно влијае на нашиот организам
Секогаш кога времето се менува во атмосферата се создаваат електромагнетни импулси кои секогаш влијаат на нашиот организам и го поттикнуваат да одговори и да се прилагоди. Значи, на овој начин, електромагнетните бранови, времето – особено ненадејните промени и исклучително ниските или високи температури, притисокот и влажноста – докажано го оптоваруваат секој организам. Но, некои не се ни свесни за промените кои се должат на променливото време, некои на нив се чувствителни на благи или умерени промени, а некои од нас се многу чувствителни, па многу бурно реагираат.
Но, покрај електромагнетните импулси и чувствителноста на нашиот организам, причините за појава на се поголем број на метеоропати се припишуваат на модерниот начин на живот. Научниците, сепак, сметаат дека се должи на животот кој се одвива речиси целосно во затворен простор, често со вештачка клима, значително ја намали природната способност на организмот да се адаптира и спротивстави на разните временски услови. Значи, откога не живееме во хармонија со природата и речиси не сме на отворено, нашето тело има сериозни тешкотии во адаптацијата, кои и ние многу ги чувствуваме. Се разбира, научниците веруваат дека на тоа треба да се додадат и некарактеристичните временски услови предизвикани од глобалните климатски промени во последно време.
Последиците од временските влијанија
Типични показатели на чувствителноста на времето, особено промените во температурата, притисокот и влажноста на воздухот се: главоболки, мигрена, несоница, нарушено спиење, гадење, замор, слабост, ненадејните промени во расположението, раздразливост, нервоза, депресивни чувства, проблеми со концентрацијата и менталното функционирање, нарушувања на срцето и циркулаторниот систем, болки во коските и зглобовите, објективно неосновани болки, болки во зараснати рани, лузни и зараснати фрактури на коските.
Последиците од временските промени посебно ги чувствуваат луѓето кои страдаат од хронични болести, како што се кардиоваскуларните, респираторни, астма, реума и артритис. Симптомите на овие болести се јавуваат поради изложеност на времето, особено ненадејните промени и екстремните климатски услови, кои нагло ги влошуваат .
Како да се намалат или елиминираат негативните ефекти од временските влијанија
Што повеќе престојувајте на отворено
Што повеќе престојувајте на отворено, без разлика на временските услови. Зошто да се чувствуваме добро само кога е топло и сончево? Не бегајте од студ и влага. Научете како да уживаате на дожд, ветер, магла и снег. Наместо да се криете во затворен простор, со што дополнително го интензивирате негативниот ефект од времето на сопственото тело и расположение, излезете и живејте во хармонија со времето што ве опкружува.
Бидете физички активни колку можете повеќе
Бидете повеќе физички активни на отворено. Соодветно облечени, повеќе одете на прошетка, брзо одете, трчајте или возете велосипед, без оглед на временските услови. Своето тело и психа зацврстете ги и направете ги отпорни на негативните ефекти од временските влијанија со физичка активност на: мраз, дожд, снег и магла. Честиот престој на воздух најмалку половина час на ден, без оглед на времето, нека стане ваша навика.
Извежбајте го вашето тело да се прилагоди на временските промени
Нашето тело може многу лесно да се извежба за прилагодување на временските услови. На овој начин можете да ги елиминирате или да ги ублажите негативните последици од времето, особено ненадејните промени кои имаат големо влијание врз нашиот организам и психа. Најефикасните начини да го подготвите своето тело да ги поднесе атмосферските услови се: редовни посети на сауни и наизменично туширање со топла и ладна вода. Последново особено се препорачува за луѓе со низок крвен притисок, кои обично се повеќе чувствителни на времето.
Што повеќе одморајте се и релаксирајте
Бидејќи стресниот начин на живот ја зголемува чувствителноста на временските промени, настојувајте колку повеќе можете да се одмарате, релаксирате и доволно спиете. Колку што можете повеќе, а посебно за време на временските промени, забавете и намалете го темпото со кое нормално живеете. Меѓу другото, и поради чувствителноста на времето следете и практикувајте здрав начин на живот и големо внимание посветете на здравата исхрана, физичка активност и дишењето и други методи за релаксација.
Следете ја биопрогнозата
Ако боледувате од болести кои може значително да се влошат поради ефектите од временските влијанија, не заборавајте да ја следите биопрогнозата и да се однесувате во согласност со инструкциите. Но, биопрогнозата може да биде од голема помош за оние кои не се болни туку се само повеќе или помалку чувствителни. Покрај тоа, ние обично сме склони да претерувме, се случува да го обвинуваме времето и да чувствуваме негативни симптоми и во деновите кога метеоролозите не предвидуваат промени. Значи, ако редовно ја следите прогнозата, во деновите без никаква промена од утро ќе се чувствувате подобро, а за критичниот период ќе бидете во можност да се подготвите навремено и практично.
Ако негативните последици се повторливи, консултирајте се со доктор
Нашето тело реагира на промените на времето, па понекогаш дури и повеќе и повпечатливо реагира на заедничките симптоми, како што се главоболка, несоница, лошо расположение, тоа сосема е нормално. Сепак, ако симптомите потраат подолго, или ако се влошат, не заборавајте да се консултирате со лекар.
За да ги ублажите симптомите користете ги природните ресурси
За да се елиминираат или барем ублажат негативните последици кои можеме да ги чувствуваме под влијание на времето, дадете им предност на природните ресурси. На пример,чајот од маточина со мед е многу ефикасен во борбата против замор и главоболки. Главоболката може да се реши и со масажа на челото, слепоочниците и вратот, мачкајте се со масло, и ментол. Против несоница и внатрешен немир идеален е чајот од камилица и валеријана. За “избистрување” на главата на шамивче ставете неколку капки масло од лаванда.