Бракот станува рутина после 4 години

По четиригодишна врска, партнерот се зема “здраво за готово”. Фазата на идилични односи завршува по три и пол години брак.

Без оглед на големата љубов при влегувањето во брак, рутината, секојдневни обврски, но пред се  малиот труд се  причина големиот број на луѓе кои се партнери да почнат се да доживуваат “здраво за готово”.

За повеќето парови фазата на меден месец во бракот готова е, по само три и пол години, покажа една британска анкета изведена на 2000 брачни двојки. Индикатори за промените во брачниот живот се малите нешта, како мал допир, бакнежи за поздрав, заеднички оброци или излети. И покрај влегувањето во рутина, 75 проценти од луѓето се уште веруваат дека нивниот брак е стабилен.

Таа додава дека лошите навики полека “се вовлекуваат” во секој однос, па на луѓето им станава помалку важно што ќе мисли партнерот. На пример, помалку туширање и општа загриженост за физичкиот изглед.

Знаци кои откриваат дека партнерот го разбирате  “здраво за готово” :

* Наместо да го изберетe сексот вие ги избирате сонот.

* Речиси никогаш не го напуштате домот.

* Се помалку се љубите.

*  Во кревет одите во различни времиња.

* Разговорите се сведуваат се повеќе на договори.

* Не се милувате пред телевизорот како порано.

*  Поинтересни ви се дружењата со пријателите одколу само дружење во парови.

* Жените многу ретко се депилираат и носат секси долна облека.

* Мажите отворено „пуваат“ и не го спуштаат капакот во тоалетот.