Мрзлива пита со вишни

Најубавата и најслатката пита што некогаш сте ја пробале. Вишните покрај карактеристичниот вкус ќе бидат и убав украс на оваа вкусна пита.

Состојки:

За тесто:

500гр меко брашно

125гр маст

125гр путер

1 прашок за печиво

125гр шеќер во прав

1дл млеко

3 лажици зејтин

За фил:

1 кг компот од вишни

4 лажици гриз

За посипување:

50гр шеќер во прав

Подготовка:

1. Во соодветен сад изматете ги путерот, маста и шеќерот во прав. Потоа додадете 1дл млеко и матете со миксер.

2. Потоа постепено додадете ја мешавината од брашно и прашокот за печиво, па месете рачно се додека тестото не почне да се одвојува од садот.

3. Замесеното тесто свиткајте го проѕирна фолија и ставете го во фрижидер да стои околу 60 минути.

Фил:

Вишните од компотот исцедете ги од вишокот течност и измешајте ги со гризот.

Завршна постапка:

1. Одстоеното тесто истенчете го со оклагија за да добиете дебелина од 0,5см.

2. Подгответе мал овален калап и премачкајте го со зејтин. Потоа дното и страните на калапот обложете ги со тестото, а третина од тестото тргнете го на страна и исечете го на ленти.

3. Преку тестото во калапот распределете го филот со вишни. Преку вишните наредете ги лентите тесто и на краевите залепете ги со краевите на тестото. Печете во загреана рерна на температура од 200 степени додека не поцрвени, кога ќе се олади посипете со шеќер во прав.