Сендвич сладолед

Најдобриот и највкусниот „сендвич сладолед“ .

Припрема :

1. Путерот го сецкаме на коцки и го мешаме со шеќерот додека не стане пенаст. Мешајќи го додаваме и јајце, а на крајот постепено додаваме брашно и какао. Го обликуваме тестото и го завиткуваме во проѕирна фолија и ја оставаме во фрижидер за еден час.

2. Рерната ја вклучуваме на 180 степени. Два плеха обложуваме со хартија за печење. Разладеното тесто го валкаме со 6 мм дебелина на површината со брашно. Од картон сечеме правоаголник со димензии 7 X 2 см.

3. Со помош на моделот го сечеме тестото на правоаголници. Правоаголниците ги распоредуваме на веќе спремниот плех и на неколку места прободуваме со вилушка, на крајот на еден.

4. Печеме 15 минути. Кога пишкотите ќе се испечат, ги вадиме и чекаме да се оладат. Кога ќе го извадиме сладоледот од фрижидерот за ладење, го оставаме малку на собна температура.

5. Половина од правоаголниците ги обвиваме со сладолед и ги покриваме со останатите пишкотни правоаголници. Сосема малку ги притискаме за да се распореди сладоледот на сите страни. Сладоледот го замрзнуваме во сад со капак.

Втора варијанта за “сендвич сладолед“ :

1. Измешајте брашно,чоколадо во прав, шеќер и ванилин шеќер, додатете путер и едно јајце. Замесете го свежото тесто, замотајте го во фолија и оставете го 30 минути во фрижидер.

2. Тестото истeнчете го меѓу два листа за печење, исечете го на правоаголници по сакана димензија, како на пр. 5 X 10, па заедно сите пренесете ги на плехот за печење. Избоцкајте на неколку места на претходно загреана рерна околу 12-15 минути.

3. Кексите оставете ги малку на плехот да се изладат, па пренесете ги на чинија да се изладат потполно. Половина наредете ги еден покрај друг на плехот. Премачкајте ги со омекнатиот сладолед (малина,јагода,чоколадо). Одозгора распоредете ги останатите кекси. Ставете ги сите во фрижидер да се стегнат.

4. Пред да се послужи исечете помеѓу зарезите и така ќе ги добиете обликуваните сендвичи. Така од 20 кекси ќе направите 10 сендвичи.

Послужување

Можете да го филувате со повеќе видови сладолед, да биде шарен, краевите да бидат натопени во бело или темно чоколадо и декорирајте по желба со суво или свежо овошје . Децата го обожуваат и велат дека е подобар од оригиналот.

Состојки за 5 лица :

Прв сендвич

115 гр. Омекнат путер

115 гр. Шеќер

1 јајце

200 гр.брашно

50 гр. Чоколадо или какао

1 литар сладолед

Втор сендвич 

35 гр.чоколадо или какао

100 гр.шеќер

140 гр.растопен путер

1 јајце

Ванилин шеќер

Малку сол

Околу 300 гр.сладолед по желба