Заведете го без допир

Интересната работа во врска со сексот е тоа што е многу повеќе поврзан со мозокот, наместо со телото, што значи дека предиграта може да започне дури и пред да се соблечете, а понекогаш и пред воопшто да се видите. Ќе ви кажеме некои совети кои ќе ви помогнат да го подобрите вашиот сексуален живот и да уживате во заводливите игри, но без каков било контакт. Звучи чудно, но делува!

Шепот

Кога вие сте меѓу голема група на луѓе, не е лесно да му покажете на вашиот партнер дека го посакувате. Во такви ситуации, малку наведнете се напред кон него, доближете ги усните само неколку сантиметри од неговото уво и  шепнете му го она што ви е на ум. Бидете сигурни дека по враќањето дома, ве очекува еден незаборавен секс.

СМС порака

Дигиталното флертување не е резервирано само за тинејџери. Тоа е одличен начин да создадете жешка ноќ, ако долго не сте се виделе. Ако знаете што тој сака во кревет, ќе знаете и што да напишете, а ако не сте сигурни, обидете се на тој начин да откриете. Многу мажи не се чувствуваат толку удобно отворено да  кажат што тие сакаат, па тоа би можело да биде полесно да се открие преку пораки.

Филм или серија

Многу сексуални терапевти советуваат паровите кои сакаат да го подобрат својот сексуален живот заедно да гледаат филмови како “Девет и пол недели”, кои се полни со еротски сцени.

Стратешки изберете сличен филм или серија, повикајте го на филмски маратон и опуштете се …

Долна облека

Направете таен план и изненадете го вашиот партнер така што ќе купите заводлива долна облека, или нешто слично што од секогаш сте сакале да го пробате, како што  е покривка за очи или лисици. По доаѓањето  дома, само покажете му што сте  купиле и верувајте, нема долго време да помине пред да побара тоа да го испробате.