Магнезиумот најдобриот суплемент во борбата со дијабетесот

Според студијата направена од истражувачите од Универзитетот во Северна Каролина – Капел Хил и објавена во списанието Грижа за Болните од Дијабетес, конзумирањето на храна која е богата со магнезиум може значително да го намали ризикот од развивање на дијабетес мелитус тип 2.

“Зголемениот внес на магнезиум може да биде од важност во подобрувањето на инсулинската сензитивност, редукција на системското воспаление и намалување на ризикот од дијабет” – велат истражувачите.

Истражувачите го споредувале внесот на магнезиум и стапката на дијабетот кај 4,497 лица кои не боледувале од дијабет а биле на возраст од 18-30 години. Дваесетина години подоцна, 330 од партиципиентите развиле дијабетес тип 2.

Ризикот од дијабет бил за 47% понизок помеѓу испитаниците кои практикувале висок магнезиумски внес, отколку кај оние кои не практикувале внес на храна богата со магнезиум. Како додаток на ова, нивото на инсулинската резистенција и клучните маркери на воспалението се намалиле како резултат на зголемениот внес на овој минерал.

Највисокиот внес на магнезиум во студијата бил 200 милиграми на ден во содржина од 1000 калории. Најнискиот внес бил 100 милиграми на ден. Магнезиумот потекнувал и од изворна храна богата со овој елемент и од суплементите. Истражувачите напоменуваат дека е неопходно да се разберат хемиските механизми на базичниот ефект и да се осигураат тврдењата дека магнезиумот е нутритиент кој влијае во редукцијата на ризикот од дијабет.

Магнезиумот е познат како регулатор на одредени глукозни ензимски процеси.

Ова списание, исто така објавило студија каде гојазните жени кои конзумирале поголема количина на магнезиум биле за 22 проценти помалку ризични да развијат дијабетес тип 2 отколку гојазните жени кои конзумирале пониски нивоа.

Добри извори на магнезиум се: легуминозните, зеленолистестите зеленчуци и оревите.

magnezaz-ziz

prodazni-mesta-nature-essential1 (2)