Најчести дилеми во врска со употребата на антибеби пилулите. Конечно, сите дилеми поврзани со користењето на антибеби пилулите се разрешени.
Кој смее да ги користи пилулите?
Антибеби пилулите претставуваат контрацепција на избор за младите жени и девојки но и задолжително во комбинација со кондом како заштита од полово-преносливи болести. Се препорачуваат за здрави жени од првата менструација до 40-тата година од животот (и после 40та но со редовна консултација со гинеколог). Исто така се препорачуваат на жените кои практикуваат чести секуални односи, на оние кои имаат висок степен на страв во врска со можна бременост, и кај жените на кои им е важен така наречениот неконтрацептивен позитивен ефект на пилулите (намален интензитет и должина на крварење, ублажување на тегобите во предменструалниот и менструалниот период).
Колку долго смеат да се користат?
Должината на користењето на пилулите не е ограничена – не треба да се прават периодични паузи туку треба да се посетуваат редовни гинеколошки систематски прегледи.
Кои прегледи треба да се направат?
Гинеколошки преглед, вклучително палпација на дојките со цел исклучување на премалигни и малигни промени на репродуктивниот систем (систематски прегледи). Кај адолесцентките и младите жени, честотата на малигните неоплазми е релативно ниска, па гинеколошкиот преглед не е задолжителен на самиот почеток на примената на пилулите.
Покрај ова се препорачува мерење на крвниот притисок, одредување на крвната слика, биохемиски преглед на крвта и испитување на факторите на коагулација – иако нема медицинско оправдување. Исто така е важна анамнезата (разговор со пациентот) за факторите на ризик од кардиоваскуларните заболувања (венска тромбоза, инфаркт на миокардот, мозочен инсулт, белодробна емоболија, хипертензија), мигрена, дијабетес мелитус, тешки заболувања на хепарот и белите дробови, автоимуни заболувања, користење на одредени видови на терапија во подолг временски период, претходни гинеколошки заболувања, неразјаснети генитални крварења, ризик за настанување на сексуално-преносливи болести.
Кои се контраиндикациите?
Во почетокот на користењето најчесто девојките приметуваат точкасто крварење, главоболка, мачнина и напнатост на дојките. Овие тегоби спонтано поминуваат после неколку испиени пакувања.
Кога е потребно да се прекине со земање на пилулите?
Доколку се појави лесна, долготрајна главоболка, болка во градите, силна болка во абдоменот, болен оток на нозете, имобилизација, хируршки зафат (четири недели пред операцијата), акутна жолтица, пораст на артерискиот притисок преку 160/100, изразен осип по кожата и други невообичаени промени на здравствената состојба – сите овие состојби бараат прекин на користењето на контрацептивните пилули.
Дали е точно дека се лекуваат акните и цистите?
Исклучително се корисни кај лекување на синдромот на полицистични јајници, болни менструации (дисфункционални крварења, обилни и продолжени циклуси, оскудни циклуси), рецидиви на функционални цисти на јајниците (предноста се дава на препаратите со високи дози на естрогени), синдром на предменструална напнатост, случаи на карциономи на овариумите кај мајките, сестрите и другите блиски сродници (предноста се дава на препаратите со ниска доза на естрогени), болки во малата карлица условени со ендометриоза (препарати со доминантно прогестеронско делување). Одредени контрацептивни пилули содржат таканаречени антиандрогени прогестагени и таквите пилули имаат дополнително позитивно дејство на кожата и косата, кое варира од нагласен козметички ефект на масната кожа и коса до терапевтско делување кај лица со тешки форми на акни.
* Задолжително по препорака или во консултација со Вашиот матичен гинеколог