Премногу ниското ниво на витамин Д во вашето тело може да предизвика вашите коски да станат тенки, кршливи или деформирани. Постојат сосема малку видови храна кои всушност имаат природни терапевски нивоа на витамин Д, а ниту збогатената храна не содржи доволно витамин Д кој би ги задоволил потребите на вашето здравје.
И покрај неговото име, витаминот Д не е обичен витамин. Тој всушност е хормон стероид или прохормон, со кој вашето тело е дизајнирано да се снабдува пред се преку изложување на сонце. Истражувачите исто така истакнуваат дека недостатокот на витамин Д е застапен кај возрасни лица, без разлика на нивната возраст, кои секогаш носат заштитни креми за сончање, очила за сонце (со што го блокираат производството на витаминот Д) или имаат ограничени активности на отворено. Луѓето кои имаат зголемена пигментација на кожата (како на пример оние чиишто предци доаѓаат од Африка, Средниот Исток или Индија) подлежат на ризик, исто како и постарите.
Кожата на еден човек кој има повеќе од 70 години произведува околу 30% помалку витамин Д отколку кожата на еден млад човек, иако двајцата поминуваат еднакво време изложени на сонце.
7 Знаци кои се показатели дека можеби имате недостаток на витамин Д
Единствениот начин да бидете сигурни дека имате недостаток на витамин Д е да направите тестирање на крвта. Но, сепак постојат неколку знаци и симптоми кои исто така може да ја поттикнат вашата свесност за недостатокот. Доколку некои од наведениве знаци и симптоми се однесуваат и на вас, треба што е можно побрзо да си направите проверка на нивоата на витаминот Д.
- Имате потемна кожа
Кај луѓето со потемна кожа, како на пример афро-американците ризикот од недостаток на витамин Д е поголем. Доколку имате потемна кожа, ќе ви биде потребно дури и 10 пати подолго изложување на сонце за вашето тело да може да го произведе истото количество на витамин Д како еден човек со бледа кожа!
Пигменот на вашата кожа ја има улогата на природна заштита од сонце, па така колку потемен пигмент имате, толку повеќе време ќе треба да поминувате изложени на сонце за да се синтетизираат адекватните количини на витамин Д.
- Се чувствувате депресивно
Серотонинот, хормонот кој го стимулира мозокот и се поврзува со подигнување на расположението, пропорционално се зголемува со поголемата изложеност на засилена светлина и опаѓа со намалената изложеност на сонце. Во 2006, научниците ги испитувале ефектите кои витаминот Д ги има врз менталното здравје на 80 постари пациенти и откриле дека оние кои имале најниски нивоа на витамин Д биле 11 пати повеќе склони кон депресивно расположение отколку оние кои добивале дози со задоволувачки ефекти по здравјето.
- Имате 50 или повеќе години
Како што веќе споменавме, како што старете така вашата кожа почнува да синтетизира сè помалку витамин Д кога е изложена на сонце. Во исто време, вашите бубрези стануваат помалку ефикасни во конвертирањето на витаминот Д во форма која може да биде искористена од вашето тело и постарите возрасни лица преферираат да поминуваат повеќе време во затворени простории (т.е. сè помалку се изложуваат на сонце што пак значи и помалку витамин Д).
- Имате вишок килограми или сте премногу дебели (или имате поголема мускулна маса)
Витаминот Д, кој е витамин со карактеристики на хормон, се раствора во масти, што значи дека телесните масти се однесуваат како „одводна цевка“ со тоа што го собираат. Доколку имате зголемена тежина или сте прекумерно дебели, голема е веројатноста дека имате зголемена потреба од витамин Д во споредба со некоја послаба личност на пример – сето ова е применливо и за луѓе со поголема телесна маса како резултат на мускулна маса.
- Чувствувате болка во коските
Повеќето од овие симптоми се класични знаци за остеомалација како последица на недостаток на витамин Д, што пак е различно од недостатокот на витамин Д кој предизвикува остеопороза кај возрасните лица. Всушност настанува дефект при врзувањето на калциумот во колагенската матрица во вашиот скелет кој е последица на недостатокот на витамин Д. Како резултат на ова, вие имате пулсирачка, напорна болка во коските.
- Се потите во пределот на главата
Еден од првите, класични знаци за недостаток на витамин Д е испотената глава. Всушност, токму поради оваа причина лекарите ги прашуваат новите мајки дали нивните новороденчиња се потат на главата. Прекумерното потење кај новороденчињата поради неуромускулна раздразливост сè уште се опишува како чест и ран симптом на недостаток на витамин Д.
- Имате проблем со стомакот
Запомнете, витаминот Д е витамин кој се раствора во масти, што значи дека доколку имате некаков гастроинтестинален проблем тоа влијае врз способноста на вашето тело да ги апсорбира мастите или можеби имате пониска апсорпција на витамини растворливи во масти, како што е и самиот витамин Д. Тука се вклучени дигестивните нарушувања како Кроновата болест, целијачна или не-целијачна глутенска осетливост, и болести поврзани со воспаленија на цревата.