Куркумата или кралицата на зачините, мириса на бибер, остар вкус и златна боја. Луѓе низ целиот свет ја користат оваа билка во нивната исхрана.
Според списанието на Американското хемиско здружение, куркумата содржи широк спектар на антиоксидантни, антивирусни, антибактериски, антигабични, антиканцерогени, антимутагени (не дозволува мутација на клетките) и антивоспалителни својства.
Таа е исто така богата со многу здрави хранливи материи како белковини, растителни влакна, ниацин, витамин Ц, витамин Е, витамин К, калиум, калциум, бакар, железо, магнезиум и цинк. Поради ова, куркумата често се користи за лекување на најразлични здравствени проблеми.
Ова се 9-те врвни здравствени придобивки од куркумата:
1. Делува антиканцерогено
Куркумата помага во спречување на рак на простата, го спречува растот на постоечкиот рак на простата, па дури и ги уништува клетките на ракот. Бројни истражувања покажуваат дека активните состојки во куркумата имаат најефикасна заштита против тумор предизвикан од радијација. Куркумата има заштитен ефект против тумор клетки на леукемија, карцином на дебелото црево и карцином на дојката.
2. Го ублажува артритисот
Антивоспалителните својства на куркумата се одлични за лекување на остеоартитис и ревматоиден артритис. Покрај тоа, антиоксидантните својства на куркумата ги уништуваат слободните радикали во телото кои ги оштетуваат клетките на телото. Откриено е дека луѓето кои страдаат од ревматоиден артритис, а внесуваат куркума на редовна основа чувствуваат големо олеснување на болките во зглобовите.
3. Го контролира дијабетесот
Куркумата може да се користи во лекување на дијабетесот со тоа што помага во регулирање на инсулинот. Ја подобрува контролата врз гликозата и го зголемува ефектот на лекарствата со кои се лекува дијабетесот. Друга значајна придобивка е делотворноста на куркумата во намалување на инсулин резистентноста, која може да спречи појава на дијабетес тип 2. Сепак, кога се комбинира со јаки лекарства, куркумата може да предизвика хипогликемија (ниско ниво на шеќер во крвта). Затоа е најдобро да се советувате со лекар.
4. Го намалува нивото на холестерол
Истражувањата покажале дека со едноставно користење на куркумата како зачин во исхраната може да се намалат нивоата на серумскиот холестерол. Познато е дека високиот холестерол може да доведе до разни сериозни здравствени проблеми. Одржување на соодветно ниво на холестерол може да спречи многу кардиоваскуларни заболувања.
5. Го засилува имунитетот
Куркумата содржи состојка позната како липополисахарид, која помага во стимулирање на имунитетот. Нејзините антибактериски, антивирусни и антигабични карактеристики исто така помагаат во зајакнување на имуниот систем. Силниот имунитет ја намалува веројатноста за разболување, настинки, грип или кашлици. Ако се разболете од настинка, кашлица или грип, брзо ќе се почувствувате подобро ако помешате една лажичка прав од куркума во чаша со топло млеко и ја пиете еднаш дневно.
6. Ги лекува раните
Куркумата е природно антисептичко и антибактериско средство и може да биде користено како ефективно средство за дезинфекција. Ако имате исеченица или изгореница, може да посипете прав од куркума на погодената област и со тоа да го забрзате процесот на лекување. Куркумата исто така помага во зараснување на повредената кожа и може да се користи во лечење на псоријаза и на други воспалителни состојби на кожата.
7. Помага во одржување на здрава телесна тежина
Правот од куркума може да биде многу корисен во одржувањето на идеалната телесна тежина. Куркумата содржи состојка која помага во зголемување на протокот на жолчката, важна состојка потребна во разградување на мастите во исхраната. Тие што сакаат да ослабат или имаат проблем со дебелина и други слични болести, може да имаат корист од внесување на една лажичка прав од куркума со секој оброк.
8. Го подобрува варењето на храната
Многу состојки на куркумата ја стимулираат жолчната кеса да произведува жолчка, која потоа го подобрува варењето на храната и ги намалува симптомите на подуеност и гасови. Исто така, куркумата е корисна во лекување на т.н. нервозни црева вклучувајќи го и улцерозниот колит. Но најдобро е да се внесува куркумата во сирова форма кога се работи за дигестивни проблеми.
9. Спречува болести на црниот дроб
Куркумата е еден вид на природен пречистувач на црниот дроб. Црниот дроб ја пречистува крвта преку производството на ензими, а куркумата го зголемува производството на овие витални ензими. Овие витални ензими ги разложуваат и ги намалуваат отровите во телото. За куркумата исто така се верува дека ја освежува и подобрува циркулацијата на крвта. Сите овие фактори го поддржуваат доброто здравје на црниот дроб. Куркумата може да се земе и во вид на таблети. Сепак, куркумата не треба да ја користат луѓе со камења во жолчната ќеса или со жолчна опструкција.
San Sebastian Turmeric – Curcumin можете да го нарачате онлајн: https://alfalab.mk/proizvodi/kurkuma
San Sebastian Turmeric – Curcumin можете да го набавите во аптеките на: Еурофарм, Виола, Плус Фарма, Галениум, Бети, Зегин… во дрогериите на ДМ-дрогерии и Cosmo – Тинекс и во сите подобро снабдени аптеки.
Или на телефонскиот број: 02 3218 821
Секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот
(Достава до домашна адреса со брза пошта)