Најубавата торта со јагоди и сирење. Специфичен вкус за вистински гурмани. Уживајте во подготвувањето.
За кора:
- 4 јајца
- 125гр шеќер
- 50гр брашно
- 50гр нишесте
За фил:
- 5дл млеко
- 20гр желатин во прав
- 3 жолчки
- 5 лажици шеќер
- 1 ванилин шеќер
- 500 гр ситно сирење
- 3дл слатка павлака
- 500гр јагоди
За декорација:
- 1 црвен прелив за колачи
Подготовка:
Кора:
1. Белките одвојте ги од жолчките и изматете ги во цврст снег. Постепено додадете 50гр шеќер матејќи цело време.
2. Посебно изматете ги жолчките со преостанатиот шеќер. Додадете го снегот од белки и промешајте.
3. На крај додадете го брашното и нишестето па измешајте.
4. Тркалезниот калап обложете го со хартија за печење и во него сипете ја подготвената смеса. Печете во загреана рерна на 200 степени.
Фил:
1. Желатинот прелијте го со 8 лажици вода и оставете го да набабри.
2. Млакото млеко измешајте го со жолчките, шеќерот и ванилиниот шеќер. Додадете го иситнетото сирење,желатинот ,шлагот од слатка павлака и измешајте.
3. Јагодите исечете ги на кругови и додадете ги во подготвениот фил.
Завршна постапка:
1. Печената кора вратете ја во калапот и врз неа исипете го филот.
2. Црвениот прелив за колачи подгответе го според упатството на кесичката и прелијте го врз филот.
Добар апетит!