7 работи што треба да ги правите во текот на денот за добар сон

На крајот на еден истоштувачки ден конечно си легнувате и главата ви пропаѓа во перницата, но само лежите така и никако да заспите. Колку повеќе мислите на спиењето, се помалку успевате да заспите. Еве неколку корисни трикови како во вашата дневна рутина да вметнете навики кои гарантираат подобар сон навечер.

СЕКОЈДНЕВНО БУДЕТЕ СЕ ВО ИСТО ВРЕМЕ НАУТРО

Целта е да го стабилизирате вашиот циклус на спиење/будење и деноноќниот ритам така што секоја вечер во исто време ќе бидете уморни па полесно ќе легнете да спиете.

ИЗЛОЖУВАЈТЕ СЕ НА СОНЦЕ

Природната светлина игра важна улога во вашиот циклус на спиење, помага да се синхронизира биолошкиот часовник. Вашето тело највеќе е реагира помеѓу 6:00 и 8:30 часот наутро – причина да го испиете вашето кафе некаде надвор.

sunlight

ХИДРИРАЈТЕ СЕ (ВО ТОЧЕН ВРЕМЕНСКИ ИНТЕРВАЛ)

Веќе ви е познато дека пиење вода во изобилство во текот на денот е мошне важно, но не после 22:00 часот – и доколку не сте го исконзумирале потребниот дневен внес, оставете ја чашата. Потребата во текот на ноќта да уринирате го нарушувате циклусот на спиење.

hydration

ВЕЖБАЈТЕ

Дури и ако само 20 тина минути успеете да издвоите за прошетка за време на паузата е одлично. Движењето помага да се раздвижат вашите мускули а тоа може да придонесе да бидете поспокојни па полесно ќе може да заспиете.

ОДВОJTE СИ ВРЕМЕ ЗА МЕДИТАЦИЈА

Кога ви започнува дневната рутина постојано сте во брзање, но доколку одвоите и само 10 минути за да ја избистрите главата, ќе бидете посклони кон полесно заспивање. Симнете апликација за медитација и релаксација за поедноставен старт.

НЕ ВНЕСУВАЈТЕ КОФЕИН ПОПЛАДНЕ

Дури и ако мислите дека имате голема толеранција, внесување кофеин после 14:00 часот (или шест часа пред да си легнете) не е паметна опција доколку сакате да избегнете неможност да заспиете.

СОСТАВЕТЕ ЛИСТА НА РАБОТИ ШТО САКАТЕ ДА ГИ НАПРАВИТЕ

Може да користите лист хартија или апликација од Интернет – и да составите листа на работи и организација се што треба да направите наредниот ден. Така мирно ќе може да заспиете знаејќи дека планот за утредента е направен.