7 Едноставни начини како да станате порано наутро

Да станете рано наутро е одлична навика во теорија, но во реалноста малку потешко се спроведува. Пробајте ги овие едноставни начини како да си помогнете себе си и да се трансофрмирате од ноќна птица во ранобудник.

ТРЕБА ДА ИМАТЕ СИЛНА ПРИЧИНА

Направете план како да го искористите времето, можеби е тоа пилатес час или да завршите две специфични работи од листата на приоритети.

ПОСТЕПЕНО СТВАРАЈТЕ ЈА НАВИКАТА

За да го поместите будењето наутро порано, треба да направите прилагодување на времето, па затоа одете постепено. Ако целта ви е да се будите во 7:00 часот наместо во 8:00 часот наутро, почнете со станување по десетина минути порано. Наредниот ден пробајте со 20 минути, па 30 и така натаму.

ЛЕГНУВАЈТЕ СИ ПОРАНО

Повеќе од очигледно е, но колку порано си легнете – толлку порано вашето тело ќе биде способно да се разбуди. И покрај тоа што станувате рано не значи дека не треба да се отспиете осум часа и да се одморите.

ВЕДНАШ ТРГНЕТЕ ГИ ЗАВЕСТИТЕ ШТОМ СЕ РАЗБУДИТЕ

Ова функционира само кога е сончево надвор, но природната светлина помага на вашето тело да произведе Д витамин и да го зголеми нивото на хормонот серотонин кој е одговорен за доброто расположение.

ПОСТАВЕТЕ ГО БУДИЛНИКОТ ПОДАЛЕКУ ОД КРЕВЕТОТ

Откако ќе го наместите будилникот/алармот на телефон, ставете го што подалеку од креветот. Така кога ќе заѕвони алармот ќе треба да станете од креветот и потоа веднаш отидете до тоалетот. Така ќе се разбудите и денот може да започне.

ИСПИЕТЕ ЧАША ВОДА

Конзумација на чаша вода откако ќе се станете ве прави будни, ви го забрзува метаболизмот, го рехидрира телото и помага да не се прејадувате за доручек.

НАМЕСТЕТЕ ГО КРЕВЕТОТ ОТКАКО ЌЕ СТАНЕТЕ

Откако сте биле во тоалетот и сте испиле чаша вода, наместете го креветот за полесно да одлеете на потребата повторно да си прилегнете.