Едно Британско истражување покажа дека луѓето киваат кога помислуваат на секс и кога се сексуално возбудени.
До кивање доаѓа поради иритација во носот, предизвикувајќи ослободување на воздух чија брзина може да достигне 150 километри на час.
Експерти кои го проучуваат кивањето нагласија дека оваа реакција се јавува кај некои луѓе кога тие мислат на секс, но, исто така, укажуваат дека поврзаноста на нервниот систем на тие лица е полесно оштетен.
Се претпоставува дека таа појава е наследена, но се уште не е познато во колкава мера е распространета.
Кај луѓето со оваа болест доаѓа до преклопување на сигналите и нервниот систем, што предизвикува кивање кога помислуваат на секс.
Психологот Харолд Максвел со оваа појава прв пат се сретнал кај еден пациент кој се пожалил на неконтролирано кивање секој пат кога ќе помисли на секс. Таа состојба ја нарекол „ секс и кивање“ .
– Воздухот кој излегува од носот за време на кивањето излегува со брзина од 130 километри на час.
– Со секое поединечно кивање исфрламе 40.000 капки.
– Некои студии покажале дека кивањето може да се одложи ако со прст ја притиснеме областа под носот.
– Античките Грци верувале дека кивањето е сигнал од боговите.
– Но, митот дека кога киваме, автоматски ги затвараме очите за да не излетаат од главата е сосема неточен. Тоа е попатна реакција на сигнали кои мозокот за време на кивањето ги испраќа до белите дробови, лицето и стомакот.
– Ако кивнете во автомобил додека возите 100 колометри на час, ќе поминете околу 90 метри, со затворени очи.