Стапалата се домаќини за повеќе од 100 различни габи

Под пазувите има од 18-32 видови на габи, на тилот околу десетина, а најмногу ги има на стапалата и петиците. Токму поради тоа на базен и другите слични места добро е да носите  папучи.

Човечкото тело е колонизирано од различни видови на габи, но стапалата се ‘ сепак нивната омилена дестинација, според научниците од Истражувачкиот центар во Мериленд. Тие откриле дека на човечковите стапала живеат над 100 различни видови на габи, а повеќето од нив може да се најдат на петите, под ноктите и меѓу прстите.

Повеќето од нив се безопасни и покрај тоа што може да придонесат за непријатен мирис на стапалата, објаснуваат истражувачите . Тие анализирале 14 различни делови од телото на 10 здрави мажи, а примероци биле земени од ушниот канал, помеѓу веѓите, на тилот, позади ушите, на стапалата, на градите, препоните и лактот.

Добиените резултати покажаа дека разновидноста на габите варира од една до друг дел од телото, така што луѓето во просек имаат 18-32 различни видови на габи на пазувите, додека на тилот се само околу една десетина од нив.

Колку да е природно и нормално присуството на габите за човечкото тело, носењето на папучи на базен и другите слични места се препорачува, бидејќи мешање на видови на габи на стапалата со другите може да резултира со една непријатна инфекција, советуваат експертите.