Неколку ливчиња од розата која ја добивте на подарок од љубениот, неколку суви цветови од старата лимена кутија за чај, неколку парчиња свежо овошје од вашиот порцелански сад за послужување и задолжително во комбинација со вашата убава насмевка подгответе се да изгледате неколку години помлади за неколку минути.
Банана фреш – за груба кожа на лицето
Лесна и едноставна маска за лице која не бара посебни подготовки. Едноставно земете еден плод банана и исечете го на тенки кругчиња и покријте го целото лице. Уживајте сами во вашата спална соба во комбинација со миризливи свеќи и убава музика. По дваесет минути извадете ги кругчињата од лицето и ќе почувствувате неверојатна разлика. Резултатот е мазна и мека кожа. Повторувајте ја маската почесто за да ги добиете посакуваните резултати.
Клеопатра – маска против брчки
Главната и единствена состојка на оваа маска е свежото грозје.
Овошјето на боговите со неговиот сок ги опушта згрчените црти на лицето, видливо ги измазнува брчките и ја храни кожата давајќи и посебен сјај. Подготовката на оваа маска е многу едноставна, исцедете го сокот од секое зрно грозје, натопете го лицето и оставете да делува десетина минути. Повторувајте ја постапката почесто и резултатите ќе бидат воодушевувачки.
Липа – маска со смирувачко дејство
Чајот од липа има смирувачко дејство врз надразнувањата на кожата, иритациите, црвенилото и уморните очи.
Липата ги смирува надразнетите очни капаци и е одлична облога за вашите очи доколку поголемиот дел од денот го поминувате пред компјутер. Едностано сварете чај од липа оставете го убаво да се олади и ставете облоги на лицето и мали облоги на очите и оставете да делува. Резултатот е смирени и одморени очи и лице без црвенило.
Мирисот на розата – заштитна маска
Розата содржи масло кое го зацврстува епидермисот.
Наполнете поголем сад со жешка вода и врз него ставете цедалка. Спуштете ги на дното ливчињата од розата потопувајќи ги со помош на цедалката и наведнете го лицето кон пареата. Останете во таа положба неколку минути.