Холестеролот е најпознатата маст во телото, а разликуваме “добар” ХДЛ холестерол и LDL “лошиот” холестерол. Високо ниво на лошиот холестерол предизвикува потенцијални болести на срцето и крвните садови, а оттука и срцев удар и мозочен удар. Ви откриваме 10 успешни методи со кои ќе го намалите и одржувате на стабилно ниво вашиот холестерол.
1. Првиот чекор во намалување на холестеролот е промена во навиките за јадење, а тоа значи да го ограничите внесувањето на заситени масти и холестерол. Избегнувајте производи изработени од бело брашно, полномасно млеко и млечни производи, како и месни производи. Ограничете го внесувањето на јајца, трансмасти, сосови, кои се направени со млеко, палмино и кокосово масло, и торти со висок процент на шеќер и масти.
2. Исто како што постои храна која го зголемува холестерол, постои и таква која го намалува и тие производи треба да се најдат на вашето секојдневно мени. Тука спаѓаат свежото овошје и зеленчук, лососот, цели житарки, растителните масла и јаткастите плодови.
3. Покрај изборот на храна многу е важен и начинот на кој ја подготвувате. Секако треба да се избегнува пржена и похована храна, а од месото отстранете ја кожата и мрсните делови и гответе ја на пареа или гответе во вода.
4. Здравата исхрана не значи и невкусна. Со едноставни трикови лесно можете да го зачувате вкусот и да уживате во вашите омилени јадења. На пример, изберете рецепти кои не содржат жолчки од јајце туку само белки, наместо полномасно сирење употребувајте сирење без маснотии, а подобрувачите на вкусот заменете ги со здрави маринади од зачински билки, а дополнително можете да користите природни овошни сокови и вино со кои ќе и дадете на храната киселост и пикантност.
5. Контролирајте ги порциите со храна, тоа ќе ви помогне да го намалите холестеролот и во исто време да ја намалите телесната тежина. Односот во вашата чинија секогаш да биде 01:03, при што зеленчукот, интегралниот ориз и мешунките треба да бидат во мнозинство, во однос на месото .
6. Лененото семе, благодарение на големата количина на омега-3 масни киселини ја намалува количината на холестерол во крвта, а само една лажичка од овој производ дневно има големо влијание врз намалувањето на холестеролот. Можете да го јадете со јогурт, или да го додадете на житарките.
7. Растворливите влакна, исто така, помагаат во намалувањето на лошиот холестерол преку намалување на неговата апсорпција во цревата. Тие се наоѓаат во овес, јачмен, грав, јаболка, сливи и бобинки.
8. Растителни стероли се невкусни состојки, без мирис и се ноѓаат во овошјето, зеленчукот, мешунките, јаткастото овошје, семките. Исхраната богата со растителни стероли може значително да го намали нивото на холестерол бидејќи ја спречува апсорпцијата на холестеролот од храната во организмот.
9. Истражувањата покажаа дека редовното вежбање (три пати неделно, по 30 минути) може да го намали нивото на лошиот и да го зголеми нивото на добриот холестерол, а со тоа и да го намали ризикот од срцеви заболувања. Пешачењето е еден од најдобрите начини за одржување на физичката активност, и не бара никаква посебна опрема.
10. Ако немате време за одење на фитнес или во вежбална, постојат и други начини кои ќе ви помогнат да ја одржите формата, но само ако ги практикувате секојдневно. На пример, измијте го вашиот автомобил сами или средете ја куќата и дворот. Секојдневните активности ќе ви помогнат да останете во форма.