„Здрави како дрен“ со лимон, лук, ѓумбир, мед, чили …

Времето на настинки и грип доаѓа. Ние ќе ви кажеме еден лесен и многу ефикасен лек што ќе може лесно да го направите за брзо да ја надминете оваа непријатна состојба.
Ќе ви бидат потребни :
 
– Сок од 6 лимони
– 1 чешне лук
– 2 лажички ѓумбир во прав
– 2 лажици мед
– 3 чаша 100% сок од ананас
– ¼ лажичка лути или чили пиперки во прав
 
Сите компоненти  добро изблендирајте ги и пијалокот чувајте го во стаклено шише. Пијте четири чаши од овој пијалок во текот на денот и  употребувајте го додека симптомите не исчезнат.
Потребни се околу 2 или 3 дена да го употребувате пијалокот, за значително да ви се подобри  состојбата на организмот.
Пијалокот е богат со витамин Ц и компоненти кои ја забрзуваат циркулацијата на крвта и брза размена на хранливи материи потребни од страна на телото во борбата против натрапниците.