Наместо на пица тесто редете на домати: шунка, кашкавал, оригано и сите други прекрасни работи што нормално ги ставате на пица . Со стар леб, шунка, кашкавал, доматен сос и оригано пополнете ги издлабените домати и додатете зачини по ваш вкус.
Состојки:
-5 поголеми домати
-5 парчиња (кришки) леб
-100 гр. исецкана шунка
-125гр. исецкана моцарела
– 2 лажици маслиново масло
-1-2 лажички мајчина душица
-сол, пипер ,малку шеќер, маслинки за украс и оригано.
Подготовка:
Издлабете ги доматите во длабок сад. Сосот кој го добивте (т.е. водата, сокот од домати), посолете го, лесно забиберете, додадете малку шеќер, мајчина душица, сецкан лук и лажица маслиново масло и добро промешајте . Издлабените домати лесно посолете ги, и ставете ги наопаку на чинија за понатамошно цедење. Издлабете ја средината од лебот (отстранете ја кората) и изронете па додадете ја на сосот (сок) од домати, добро промешајте и оставете лебот да го впие сосот (да биде цврсто ). Кога лебот ќе го впие сосот, додадете сецкана моцарела, сецкана шунка, оригано, печурки или се што сакате и го ставате на пица-доматот. Наредете ги доматите кои претходно сте ги премачкале со малку маслиново масло. Посипете ги со оригано.
Се пече во загреана рерна на 180C околу 30 мин.
Домат-пицата послужете ја топла.
Добар апетит!