Научете како да ги отстраните дамките од белите кошули со мешавина од детергент за миење садови , хидроген пероксид и сода бикарбона…
Во летните денови, освен дамките од храна или шминка може да ви се случи на белите кошули да ви останат и жолти дамки од пот и дезодоранси. За да вашите маици и кошули повторно бидат блескаво бели употребете ја оваа магична комбинација во домашна режија и ослободете се дури и од најмалите дамки. Се што ви треба е малку детергент за миење садови , хидроген пероксид (H2O2) и сода бикарбона.
Соодносот на смесата за отстранување на дамки од пот:
на еден дел детергент за миење садови се додава
два дела хидроген пероксид (H2O2)
малку сода бикарбона (ако правите поголема мешавина зголемете ја количината )
Нанесете ја смесата на дамките и четкајте со тврда четка за перење алишта. Оставете ја кошулата да стои еден час, а потоа исперете ја стандардно.