Веројатно секоја жена ќе се сложи дека купувањето на костим за капење најголем проблем кој треба да се заврши. Очајно лошата флуоресцентно осветлување во кабината и огледала кои, би можеле да се заколнеме, додаваат по некој килограм повеќе и на кои се гледа секоја неправилност на бледата кожа, воопшто не помагаат. Но, затоа забавно женско друштво би било од помош, позитивен став и многу трпение.
Британско истражување кое пред две години го спроведе „Нивеа“, покажало дека скоро за половина жени многу полошо е да се соблечат во костим за капење на плажа, отколку да се соблечат за прв пат пред партнерот. Повеќе од половина жени признале дека најмногу ги загрижува областа околу стомакот кога облекуваат костим за капење, додека една петтина рекле дека се ги загрижува.
Самодовербата доаѓа со годините, па така жените колку се постари, помалку се заморуваат со изгледот, а мајчинството се покажало како значаен фактор кој влијае на женското задоволство со сопственото тело. На женската самодоверба по прашање на изгледот најмногу влијае одобрувањето на другите припаднички на женското друштво, па така 81 отсто од жените признава дека расположението им го подигаат комплиментите на пријателките.
Затоа, кога ќе тргнете по нов костим за капење, земете ја со себе пријателката, бидејќи тоа, за многу жени трауматично искуство на испробување костими за капење под ни малку ласкаво осветлување, многу полесно ќе го поднесете.
Што сакате да истакнете?
Почнете со очигледното, голема улога играат кројот, бојата и деталите на костимот за капење. Ако сакате да ги нагласите градите, одберете градник кој ќе ги привлече погледите, без разлика дали станува збор за ефектна комбинација на бои, примероци или сошиени украси. Долниот дел сакате да го ставите во втор план, па затоа наједноставно, а воедно и најефектното решение, одберете гаќички во темна боја без украси и детали кои привлечат внимание.
Се’ е во деталите
Одредени детали како набор и драпирање на детали секако можат да помогнат во создавање на визуелна илузија на витка фигура. Драпирани детали, на пример на гаќичките, не само што цврсто држат се да е на место, туку и ласкаат на фигурата. Уште едно тајно оружје се шарените детали, кои најчесто се наоѓаат на гаќичките од костимите за капење, а кои со помош на врвки можеме да ги затегнуваме по желба. На создавањето на илузија на витка фигура исто така, ќе помогнат и поситни принт – детали на костимите за капење, особено кога станува збор за едноделен модел.
Испробувајте нови кроеви
Сигурно се чувствувате удобно во црн дводелен костим за капење, но зошто не би експериментирале малку и ова лето и да пробате нешто ново? Изборот е навистина голем и сигурно ќе најдете нешто што ви прилега подеднакво добро, ако не и подобро. Оваа година многу популарни се и едноделните костими за капење, особено оние со една нарамка кои им прилегаат на сите, без разлика на облик на телото, со оглед на тоа дека ги нагласуваат подрачјето на вратот и рамената и привлекуваат поглед на висина на клучната коска, а одвлекуваат од проблематичните, „долни“ подрачја.
Добро е да се знае…
Монокин е идеален за детската линија на тело. Поради секси изрезите од страна, визуелно создава облини, малку повеќе отколку што всушност имате. Дводелниот костим за капење со сошиени волани и ресички ќе создаде волумен, па така е идеален за сите кои ги мачи недостаток на облини.
Ако сте ниски и сакате да создадете изглед на подолги нозе, одберете потемен долен дел од костимот за капење со повисок изрез на бутовите, најдобро е да се одбираат гаќички кои од страна можат да се затегнат или олабават за да спречите создавање на „мафин“ топ.
Ако имате поголеми гради при одбирање на костим за капење, предност дајте им на оние чиј горен дел има зајакнување во кошничките кои ќе ви дадат дополнителна потпора, а секако избегнувајте тенки нарамки кои можат да се сложат со телото.