Се чувствувате преплавени со чувства? Влезете под туш, тоа може да ве „рестартира“ со ослободување на стресот, вината, па дури и болката.
Имате еден од оние денови? Кога идејата за уживање во кревет со сладолед и по некој повик за вас, можеби ќе се појави неочекуван спасител. Во нејзината книга „Телото не лаже : Програма од три чекори за ставање крај на хроничната болка и да зрачите со позитивна енергија“ од Вики Влахонис, остеопат од Беверли Хилс, проучува како брзото плакнење може да направи многу повеќе од само чистење на вашето тело. „Капење, без разлика дали тоа е туш, бања или брзо миење на рацете, може да ве ослободи од стрес, вина, па дури и болка во мускулите,“ објаснува Влахонис. Користете ги овие тајни за да се чувствувате смирени.
Ослободете се од проблемите
Затоа што вие (обично) уживате сами, капењето е идеално за да се справите со она што ве задева, укажува Влахонис. Една студија од Универзитетот во Мичиген откри дека туширањето им помага на луѓето да ги отфрлат чувствата на сомнеж или жалење, бидејќи ние ментално го поврзуваме чинот на миење со прочистување и олеснување. „Како што се капете, затворете ги очите и обидете се да го почувствувате вашиот гнев или повреда. Дали го чувствувате то во вашето лево рамо? Вашиот врат? Овозможете и на топлата вода да навлезе на тоа место, и ќе забележите како вашите мускули се опуштаат. На ист начин како што вашите мускули се ослободуваат од стрес, вашиот ум ,исто така, ќе се ослободи“ , вели Влахонис. Замислете си дека таа тензија исчезнува заедно со сите нечистотии од тој ден.
Очистете ги вашите раце од грижи
Се разбира, вие не можете да влегувате под туш секој пат кога ќе се почувствувате премногу чувствителни, особено кога сте на работа! Ако само што сте влегле сте добиле мејл кој најмногу на светот ве разлутил, упатете се кон женскиот тоалет за да ги имиете рацете. Една студија од универзитетот во Мичиген откри дека чистењето на прстите може да делува на ментален план исто така како и тушот. „Затворете ги очите, додека ги плакнете рацете и обидете се да се поврзете со вашето тело“, вели Влахонис. „Замислете како водата ја ослободува вашата тензија и ви дава чист почеток. Тоа повторно ќе ви донесе многу позитивна енергија“.
Направете промена
Едноставно со поместување на тушот, исто така, може да ви даде енергија. „Со три минутно наизменично менување на топлата и ладната вода во текот на вашето утринско туширање ќе го „разбуди“ вашиот систем“, вели Влахонис. Започнете со топла, а завршете со ладна вода, менувајќи на секои 30 секунди. Вашите крвни садови ќе се прошират и стеснат, зголемувајќи ја циркулацијата. Малку ладна вода, исто така, го стимулира делот од мозокот кој го ослободува норадреналинот, природен антидепресив, додава таа. Тоа значи дека ќе се ослободите од стресот, а денот ќе го започнете на вистинската (свежо измиена) нога.