Цвеќињата имаат некоја посебна енергија кога станува збор за разубавување на просторот. Водат до една димензија на топлина, разнежнување, убавина. Секако, тие претставуваат многу важен дел од украсувањето на венчавката. Најчесто ја одредуваат бојата и и даваат одреден шарм на атмосферата. Најчесто цвеќињата се централен дел на секоја маса бидејќи така ја збогатуваат средината, но и некој убав аранжман од страна не би пречел.

