8 нешта кои ќе ви ја намалат болката предизвикана од умници

Оние кои немале проблем со умниците, не знаат што е вистинска физичка болка.Толку силна, што последиците од нивното отстранување е вистинска песна. И додека мислите и посакувате да си ја извадите главата од раменици со надеж дека нема да ве боли, до следната итна посета на стоматолог, овие неколку домашни лекови можат многу да ви помогнат.

1

Каранфилче: анетстетик и аналгетик кој многу ефикасно се покажува при забоболки. Има антибактериски својства, па штити од инфекција која е многу честа појава кај забоболката.

2

Сол: ја намалува болката и спречува инфекција. 1 лажица сол во чаша топла вода.Исплакнете неколку пати и ќе спречите воспалување на непцата.

3

Лук: антиоксидант, антибиотик, антивоспалителен природен лек кој ќе ви го заштити непцето, а ќе ви ја намали болката. Скршено чешне лук ставете го директно на забот.

4

Кромид: има антивоспалетелно дејство, па влијае на намалување на воспалението.

5

Мента: Ослободува од бактериите во устата кои може да предизвикаат воспаление и ја намалува болката.  Нанесете масло од мента директно на местото или ставете сушена мента со една чаша топла вода и плакнете.

6

Жалфија: природен лек со одлично дејство при проблеми со умниците. 2 лажици сушена жалфија и 1 лажица сол ставете во чаша со малку виски или водка. Исплакнете го местото и плукнете. Повторете ја постапката по потреба.

7

Екстракт од ванила: антиоксидант кој ќе ја затапи болката. Неколку капки ванила на памук, ставете го на местото и повторете по потреба.

e71bdfdb78200fc3697f80c1be18f397

Пченична трева: природен антибиотик, ги отстранува бактериите од устата и ја намалува болката. Со сок од пченична трева, исплакнете неколку пати во денот.