Срциња од палента

Највкусниот доручек од детството сега во романтичен облик.

Состојки:

150 гр палента

1 лажица маргарин

300 г пилешки паризер

250 g на младо сирење

100 гр црни маслинки без семки

Подготовка:

1. Палентата се вари во солена вода со една лажица маргарин во согласност со упатствата на кесата.

2. Подмачкајте го тавчето и во него разлејте ја подготвената палента, така што дебелината на слојот биде  5 мм и оставете да се излади.

3. Сирењето и пилешкиот паризер  исечете ги на парчиња со дебелина од 5 mm.

4. Со моделот во форма на срце на палентата, сирењето и паризерот направете соодветни форми.

5. Редете наизменично палента, паризер, сирење и на крај палента така што обликуваните срца се поврзуваат  едно со друго. Секоја група прободете ја со чепкалка за заби и со маслинка.