10 грешки кои ги правите при четкање на забите

Убавата насмевка е вистински погодок за потполна убавина. Во убавата насмевка многу лесно можете да се заљубите и убавата насмевка може да ви ја зголеми самодовербата. Затоа многу е важно на вистински начин да се грижите за вашите заби, а соодветното четкање и чување на приборот за орална хигиена е од клучна важност.

Ова се 10те грешки кои луѓето многу често ги прават кога станува збор за забите!

  1. Користите погрешна четка за заби: Четките за заби се достапни во различни големини, а да ја погодите вистинската големина е вистински погодот. Со преголемата четка ќе имате голема мака, а малата нема да ви заврши работа бидејќи нема темелно да ги исчисте забите. Четката која добро ви „лежи“ на раката и се чувствувате пријатно кога четкате – таа е онаа вистинската.
  2.  Користите погрешна форма на четка: Колку што е важна големината, толку е важна и формата, а ги има секакви: округли, прави, заоблени, цик – цак, аглести. Стоматолозите препорачуваат аглести четки бидејќи можат да продрат до сите места во усната шуплина. Освен формата, внимавајте и на квалитетот на влакното.  Настојувајте да користите средно мека четка, бидејќи тврдата ќе ви ги уништи непцата
  3. Погрешено четкате: техниката на четкање е многу важна за хигиената на забите
  • Наместете ја четката под агол од 45 степени со линијата на непцето
  • Со нежни и кратки потези четкајте напред назад
  • Потоа кружно четкајте околу површината за џвакање
  • Исчистете го и јазикот за да се ослободите од бактерии
  • Темелно исплакнете.
  1. Несоодветно четкање:  Многу е важно да ги четкате забите најмалку 2 пати, а препорачливо е и 3 дневно. Значи, задолжително наутро и пред да одите во кревет и по потреба и по оброк. Ќе ја неутрализирате pH вредноста во устата. Исто така многу е важно да четкате околу 2 -3 минути!
  2. Четкате многу често: Верувале или не, постојат и луѓе кои ги четкаат забите многу почесто од 3 пати во текот на денот. Пречестото четкање доведува до крварење и оштетување на непчето и ерозија на забната глеѓ.
  3. Почнувате од истото место секој пат: Стоматолозите сметаат дека треба секогаш да започнува четкањето од различно место, од причина што секогаш она место од каде се почнува е подобро исчеткано од останатите.
  4. Ја игнорирате внатрешната површина на забите: Кога ги четкате забите наутро, секогаш погрижете се да ја исчеткате и внатрешната површина на забите бидејќи и тука се создаваат наслаги кои може да ги уништат забите.   
  5. Не ја плакнете четката по миење на забите: Во ниеден случај не заборавајте да ја исплакнете четката. Но, зборуваме за темелно плакнење на четката.
  6. Складирајте ја четката кога е сува: Влажната четка е гнездо за бактерии и ако таква ја складирате сите бактерии во околината ќе се размножат токму на неа, па на следното четкање ќе ги пречекате во вашата уста. Складирајте ја само кога ќе е сува.
  7. Не ја менувате четката доволно често: Кога еднаш ќе се навикнеме на старата четка, тешко ја менуваме, но тоа е голема грешка бидејќи се оштетуваат влакната и се чистењето не е толку квалитетно. Менувајте ја четката на 3 – 4 месеци.