9 начини како лесно и брзо, сами да се справите со настинката, грипот и вирозата

Годишното време во кое се наоѓаме заедно со необичните временски услови кои владеат претставуваат една од главните причини за појавата на настинки, грип и вирусни заболувања, кои влијае на се поголем број на луѓе. Доколку сакате  ефективно да ги надминете и да ги спречите настинката или грипот, реагирајте веднаш при првите знаци на болеста. Ви препорачуваме девет чекори кои можете да ги преземете без да се консултирате со лекар:

1. Една лажичка ѓумбир и куркума во прав се мешаат со 3 лажици вода и се зема 2-3 пати на ден. Доколку ви е многу луто додадете и мед и повеќе вода.

2. Пијте свежо исцеден сок од лимон или портокал неколку пати на ден 1000 мг Ц витамин ( во вид на таблети) 3 пати на ден.

3. Земајте додатоци од лук доколку ви пречи неговиот мирис.

4. Мешавина на чаеви од липа, нане, рузмарин или чај за искашлување доколку слузта ви се спушта во белите дробови.

5. Џем од јаболка, двапати на ден по една лажица ( киселиот е добар и против покачена температура).

6. 2-3 капки прополис, инјектирајте ги директно на болниот дел од грлото, а тоа ќе ги намали неколку часа болките во грлото и ќе го спречи развојот на бактериите.

7. Наутро и навечер добро истријте го јазикот со паста за заби и сода бикарбона ( за да ги отстраните бактериите кои на тоа место брзо се размножуваат).

8. Прскајте ги носните празнини со раствор кој сами ќе го направите од 250 мл вода, половина лажичка морска сол од спреј шише, 4-5 пати дневно.

9. Доколку имате воспалено грло, во текот на ноќта ставете загреана облога од ракија, масло и бибер.

Симптомите на настинка и грип ќе бидат со минимален интензитет ако ги нападнете на неколку фронта. Колку повеќе методи од наведените ќе примените истовремено толку и проблемите ќе бидат со послаб и пократок интензитет.