Црниот дроб е еден од најголемите органи одговорен за метаболичките функции на организмот – користење на нутриентите од исхраната за да телото може да ги искористи, како и исфрлање на сите отрови пред да предизвикаат штета.
Еве кои се симптомите со кои црниот дроб те предупредува дека нешто со него не е во ред.
Кожата и очите ти попримаат жолта боја
Доколку белката на окото ти добие жолтеникава боја или си забележал жолти дамки по кожата, станува збор за високо ниво на билирубин во телото, а се работи за жолт пигмент што го излачува црниот дроб. Ваквата промена на бојата може да укажува на проблеми – од цироза до хепатитис Б.
Кожата интензивно те чеша
Примарната билијарна цироза е хронична болест која ги уништува жолчните патишта и за жал нема очигледни симптоми, но чешањето на кожата е еден од првите предупредувачки сигнали. Кожата може да те чеша и ако е многу сува, но ако состојбата трае долго и е постојана, време е за лекарска консултација, оти може да биде знак за цироза на црниот дроб.
Си се здебелил или ослабел пребрзо
Во случај на цироза може да дојде до дебелеење, но исто така и слабеењето може да биде симптом, и тоа не само за цироза на црниот дроб, туку може да се работи за хепатитис Ц – вирусна инфекција што доведува до воспаление на црниот дроб.
Рацете ти се црвени
Уште едно предупредување! Во овој случај може да станува збор за неалкохолен масен црн дроб, состојба во која премногу маснотии се таложат во црниот дроб и нема врска со консумирањето алкохол.
Не помниш добро
Заборавш каде ти се клучевите од автомобилот и каде воопшто си тргнал? Ако состојбата ти се влошува, за тоа може да биде одговорен црниот дроб. Кога тој откажува, не е во состојба правилно да ги исфрли отровите од организмот, а тие може да се таложат во мозокот, па една од последиците е губење на меморијата.
Ти се менува однесувањето
Промените во однесувањето може да ја изненадат личноста која ги доживува. И во овој случај се работи за насобирање на токсини во мозокот поради што може да се однесувате поинаку од вообичаено.
Ти се јавуваат модринки по телото
Кај постарите лица често се појавуваат модринки, бидејќи кожата им е потенка, но ако сте млада личност и немате објаснување за модринките кои се појавуваат на вашето тело одеднаш, можеби е време да ја проверите состојбата на црниот дроб.
Урината ти е се потемна
Ако си ја забележал оваа промена, може да биде сигнал дека имаш проблеми со црниот дроб. Билирубинот е одговорен за жолата боја на кожата, но исто така може да ја промени и бојата на урината.
Погрижи се за сопственото здравје! Нарачај Nature Essential – Артичока!
Продажни места на Nature Essential – Артичока:
EUROFARM Аптеки, Виола Аптеки, Галениум Аптеки, dm-дрогерии, COSMO-дрогерии и сите подобро снабдени аптеки.
Направете брза онлајн нарачка:
https://alfalab.mk/proizvodi/articoka
Телефон за нарачка : (02) 3218-821
(Секој работен ден од 8:30 до 15:30 часот)
Достава до вашата домашна адреса