Доколку традиционалните лекови не ви помагаат, или сакате да ја избегнете употребата на штетни хемикалии ние ви откриеме некои природни методи за ослободување од главоболките.
– ПИЈТЕ МНОГУ ВОДА, во одредени случаи акумулираната дехидрација за која не знаете предизвикува главоболка, затоа пробајте со две големи чаши вода на екс и почекајте го резултатот по 15 минути пред било што друго да направите
– ТОПЛА БАЊА ЗА НОЗЕТЕ, верувале или не миењето на нозете во топла вода ќе ја повлече крвта кон нозете и така ќе се намали притисокот врз крвните садови во главата ,а со тоа ќе се ублажат и болките.
– СОК ОД ЃУМБИР, Разматете половина лажичка ѓумбир во прав во една чаша вода и испијте го. Ѓумбирот е многу ефикасен против мигрена и вртоглавица, која често ја придружува.
– ЧАЈ ОД РУЗМАРИН , направете силен чај од рузмарин, оставете да се излади и испијте го, кај некој вид на главоболка ова е многу ефикасно решение.
– МЕНТОЛ, посипете неколку капки ментол во едно марамче и длабоко вдишете го мирисот, како замена земете две натопени кеси чај од нане и ставете ги на затворените очни капаци или слепоочници во траење од 5-10 минути.
– ЛАВАНДА, маслото или концентратот од лаванда нежно втријте го и масирајте го неколку минути челото и слепоочниците, потоа легнете, опуштете се, затворете ги очите и почекајте го резултатот .
– ФИЗИЧКА АКТИВНОСТ, за долгорочно решение на честите главоболки специјалистите препорачуваат пред да почнете со постојана употреба на лекови, физичка активност во траење од 30 минути најмалку 3 пати неделно и тоа одење, трчање, возење велосипед, пливање или било која друга активност прифатлива за Вас.