Понекогаш едноставно не може да се избегнат овие видови храна, а многу од нив се и здрав избор, па нема никаква смисла да се откажете. Избегнувањето на свежо летно овошје не е опција, но можете да направите некои работи за да ги спречите дамките на забите.
Чај
Иако постојат бројни здравствени придобивки, црниот и другите темни чаеви оставаат дамки на забите. Можете да го намалите ризикот од тоа, ако во темните чаеви додадете млеко. Или едноставно консумирате зелен, бел или билни чаеви.
Бобинки
Бобинките како што се боровинките, капините, малините, црешите и другото овошје во силни бои може да остави дамки на забите, како и сокот од истото овошје. Обидете се да се фокусирате на зеленото грозје или само чистете ги забите после секој оброк исчистете ги забите со четка и конец, бидејќи киселината во овие овошја може да ја оштети забната глеѓ.
Црвено вино
Кој може да одолее на една чаша црвено вино со убав ручек или вечера? Но, внимавајте меѓу пиењето вино да испиете една голтка вода која малку ќе направите гаргара во устата и забите, бидејќи киселоста на виното, исто така, може да остави дамки на забите, но, исто така, да ја уништи забната глеѓ.
Тврди бонбони
Дали сте знаеле дека тврдите бонбони или лижавчиња можат да го обојат јазикот или устата? Истото тоа им го прават тоа на забите. Ограничете го внесувањето на овие слатки за да ги избегнете трајни дамки на забите.
Кафе
Шолјата црно кафе остава свој белег на забите. Додадете малку млеко или крем за да го ублажите ефектот и секако да не заборавите да се напиете чаша вода по кафето.