Експертите советуваат дека треба да се будиме полека и нежно, но повеќето луѓе веднаш „скокаат” на првиот звук на будилникот и во најголемо брзање вршат утрински подготовки, се облекуваат, набрзина пијат две или три голтки кафе, неколку повремени залаци за појадок и стартуваат со големиот број на секојдневните задачи.
Доколку сте и вие такви, немојте да бидете изненадени ако сте секогаш напнати и под стрес, туку обидете се да го забавите процесот на будење, одложете го станувањето од кревет на десет минути и обидете се секое утро да направите неколку вежби, кои ќе ви помогнат да започнете вашиот ден со чиста глава.
1. Додека се уште сте во кревет, испружете се на грб, подигнете ги рацете над глава и испреплетете ги прстите. Главата би требало да биде во исправена положба, а не на перницата. Нозете свиткајте ги во колената, вдишете длабоко и колената полека спуштете ги на вашата лева страна, а и рацете истовремено движете ги кон десната страна. Полека издишувајте, сменете ги страните. Сето ова можете да го правите и под ќебе.
2. Седнете на кревет, исправете ги нозете и ‘рбетот, а рацете ставете ги на задниот дел од главата. Полека спуштете го горниот дел од телото, обидувајќи се десниот лакот што повеќе да го приближите кон десното колено, свиткувајќи ја малку левата нога на коленото и подигајќи ги нагоре. Повторете ја вежбата шест пати, а потоа променете ги страните. Обидете се да го синхронизирате вашето дишење со движењата кои ги изведувате.
3. Легнете на креветот, рацете опуштете ги надолу долж телото, нозете малку свиткајте ги во колената и стапалата и легнете на јорганот. Полека подигнете ја левата нога и приближете ја кон градите, но бидете сигурни дека вашето стапало останува под прав агол. Во оваа позиција, обидете се прстите на нозете да ги свиткате надолу, а петите подигнете ги. Повторете ја вежбата шест пати, а потоа променете ги страните.
4. Останете во иста, лежечка позиција, со рацете поставена до телото. Вдишете длабоко и полека подигнете ја карлицата до висина на градите. Останете во оваа положба пет секунди, а потоа полека издишувајќи воздух од белите дробови вратете се во лежечка позиција.
Повторете ја вежбата 10-15 пати.