Ниту ти се готви, ниту ти се јаде на плус 50. Се чувствуваш како риба на суво, се што сакаш се течности и ладна лубеница.
Нека не те загрижува твојот намален апетит, за да ги издржи високите температури, твоето тело хибернира како мечките во зима. Но, бидејќи ти не можеш да си дозволиш да спиеш и мораш да одиш на работа, добро е да ги знаеш 4-тите неопходни витамини кои ќе ти помогнат да го одржиш во живот и телото и мозокот.
ВИТАМИН Ц
Освен што е крал меѓу антиоксидантите, витаминот Ц има директна улога во продукцијата на колаген, има невротрансмитерска функција и е верен чувар на имунитетот. Но, додека да се сетиш дека треба да го пиеш, ти веќе си настинал.
Уште повеќе грешиш ако витаминот Ц го врзуваш со вирусите во зима, бидејќи екстремно високите температури го имаат истиот ефект. После зимата, летото е најчестиот период од годината кога расте бројот на заболени од ангина или синусна инфекција, особено во области каде што луѓето често се среќаваат и се мешаат.
Витамин Ц дозата за еден возрасен треба да биде 40 мг за жени и 90 мг за мажи. Но, некои пациенти треба да пијат и повеќе, како трудниците, оние што дојат, оние кои се опоравуваат од операција и пушачите – дури 35 гр повеќе.
ВИТАМИН Е
Витаминот Е во телото делува како антиоксидант кој му помага на црниот дроб и остатокот од телото да се ослободи од слободните радикали и токсини.
Клетките на слободните радикали кои содржат премногу електрони, се моќни генетички да го оштетат телото и се виновници за многу болести вклучувајќи го и предвременото стареење.
Витаминот Е е одлична поддршка за имунитетот, а постојат и научни истражувања кои сугерираат дека витаминот Е го намалува ризикот од рак, а на веќе заболените им помага полесно да го поднесат симптомите на заболувањето.
Во лето е особено важен за да ја заштити кожата од сончево оштетување и да превенира од рак. Од друга страна, го забрзува опоравувањето од сончеви изгореници сведувајќи ги симптомите на минимум.
ВИТАМИН А
Сите убавини што си ги видел на овој свет му ги должиш на витаминот А – одговорен за се што е поврзано со здравјето на очите и видот. Кога телото се соочува со дефицит од витамин А, ти почнуваш да се мачиш да гледаш во темница и имаш потешкотии при читање.
Во лето треба да го пиеш за да ги заштитиш очите и видот од силните сончеви зраци. Витаминот А те штити дури и кога ќе излезеш од дома без очила за сонце. Да не се збуниш, витаминот А ќе го најдеш како бета каротен кој потоа твоето тело ќе го конвертира во витамин А.
Многу луѓе тенденциозно пијат бета каротен пред и во текот на летниот одмор со цел да ја заштитат кожата од штетните УВ зраци, а при тоа да заработат неодолив бронзен тен.
ВИТАМИН Д
Твоето тело е доволно паметно за само да создаде витамин Д. Но, за да ја обави таа функција потребни му се сончевите зраци, сигурно и сам знаеш, и од тие причини луѓето многу често не зимаат додаток во летните месеци.
Витаминот Д доаѓа во две основни форми – витамин Д2 и витамин Д3, а за комплетна суплементација неопходни се и двете.
За да одржиш стабилен имунитет, витаминот Д е неопходен и во лето, особено што ја потпомога апсорпцијата на калциумот и фосфорот и на тој начин ја зголемува општата издржливост на организмот.
Витаминот Д директно придонесува за системско здравје и сила и плус ги храни коските, затоа земај го во комбинација со калциум.
Но, листата на важни хранливи материи не завршува тука!
Б витамините ти требаат за енергија, магнезиумот и калиумот се есенцијални електролити, а витаминот К е клучен за создавање на црвените крвни зрнца. Ако го прашаш твојот матичен доктор, сигурно ќе ти додаде уште некој.
Сега веќе се напна, таман се наостри да ги пиеш оние 4 излезе дека не се доволни. Те разбираме дека ти е тешко да се фокусираш на суплементацијата, затоа ти треба мултихранлива формула што одеднаш ќе ти ги задоволи сите потреби.
Спирулината ги содржи сите погоре наведени витамини и многу повеќе од тоа, 4.000 корисни состојки и тоа 100 % природни да бидеме прецизни.
Овие бројки нека те мотивираат:
- Спирулината содржи 39 пати повеќе бета каротен од морковите и 80 пати повеќе од кајсиите
- Спирулината содржи висококвалитетни растителни протеини, 4 пати повеќе од говедското месо и 5 пати повеќе од јајцата
- Спирулината содржи 23 пати повеќе железо од спанаќот
- Спирулината содржи 300 % повеќе калциум од млекото
- Не постои храна која содржи повеќе витамин Б12 од спирулината
Посебноста на нутритивниот профил на спирулината ја чинат:
Есенцијалните масни киселини како омега-3, омега-6 и гама линоленската киселина која во иста форма може да се најде само во мајчиното млеко.
Фикоцианин, уникатен пигмент кој го стимулира и зајакнува имунитетот.
Хлорофил или познат како „зелена крв“ заради сличниот состав и делување со хемоглобинот.
Картеноиди како алфа, бета, гама или најмоќните природни антиоксиданти кои војуваат со слободните радикали чија цел е да го разболат телото.
СОД (супероксид дисмутаза), спирулината е редок извор на овој ензим кој ги чисти клетките од оксидативен стрес и ја подобрува когнитивната функција, а го намалува и мозочниот умор.
Spirulina San Sebastian може да го набавите во аптеките на: Еурофарм, Виола, Плус Фарма, Галениум, Бети… во дрогериите на ДМ-дрогерии, Cosmo – Тинекс и во сите подобро снабдени аптеки.
Или нарачајте ONLINE со кликнување на копчетo КУПИ ВЕДНАШ
Повелете со нарачка на 02 3218 821