1. АНТИОКСИДАНТИ
Артичоките се суперхрана во секоја смисла на зборот. Фитонутриентите во артичоките обезбедуваат моќни антиоксидантни придобивки, а студија спроведена од страна на Министерството за земјоделство на САД дошла до сознание дека една порција артичоки обезбедува повеќе антиоксидантни придобивки од многу други јадења кои традиционално се сметаат за богати со антиоксиданти, како на пример темното чоколадо, боровинките..
Антоцијанин, кверцетин, рутин и многу други антиоксиданти кои се содржат во свежата артичока нудат многубројни зравствени придобивки, од заштита од рак и одржување на имунитетот до заштита на болести на срцето.
2. РАСТИТЕЛНИ ВЛАКНА
Се препорачува мажите да внесуваат помеѓу 30 и 38 грама растителни влакна дневно, а жените помеѓу 21 и 25 грама. Вообичаено луѓето внесуваат приближно половина од ова количество што доведува до потенцијални здравствени проблеми како зголемен ризик од болести поврзани со стомакот и рак на дебелото црево. Една артичока од 120 грама содржи неверојатни 10.3 грама на диетални влакна, при што е моќна билка во помагање на редовната столица, но и подобрување на целокупното дигестивно здравје.
3. ПОДОБРУВАЊЕ НА ДИГЕСТИВНИОТ СИСТЕМ
Германските доктори веќе долго време го препорачуваат екстрактот од артичоката како благ лек за проблеми со варењето на храната и желудникот. Ова веројатно се должи на соединението во артичоките наречено цинарин за кое се покажало дека го зголемува производството на жолчка, со што се забрзува движењето на храната и отпадот низ цревата и се намалува чувството на подуеност.
Еден од главните извори на растителни влакна што се наоѓаат во артичоките е инулинот, кој е пребиотик. Пребиотиците можат да ја зголемат пропорцијата на пробиотици или на „добрите бактерии“ во цревата
4. ХОЛЕСТЕРОЛ
Суплементите од артичока се без несакани ефекти и артичоката е високо делотворен редуктор на холестерол.
5. ПОДОБРУВАЊЕ НА КОГНИТИВНАТА СПОСОБНОСТ
Артичоките обезбедуваат околу 12% од препорачаната дневна доза на витаминот К.
Овој витамин може да понуди заштита против оштетување на невроните и дегенерација, а со тоа помага да се контролираат когнитивните болести како деменција и Алцхајмеровата болест кај постарите лица. Во една студија објавена во списанието Исхрана, истражувачите откриле дека исхрана која вклучува повеќе витамин К е поврзана со подобра перцептивна моќ кај постарите лица.
6. ЦРН ДРОБ
Артичоките, како и екстрактот од листовите и стеблото на артичоката, се препорачувале за здравје на црниот дроб. Истражувањата укажуваат дека артичоките имаат моќ за заштита на црниот дроб и ги намалуваат крвните липиди во телото, како холестеролот. Цинаринот и силимаринот – фитонутриенти кои ги има артичоката, имаат силен позитивен ефект врз црниот дроб.
7. ФОЛНА КИСЕЛИНА
Артичоките обезбедуваат околу 107 мг фолна киселина по порција, повеќе од една четвртина од дневната препорачана доза од 400 мг. Жените кои се бремени или се обидуваат да забременат треба да внесуваат дури и повеќе фолна киселина, бидејќи може да помогне во спречување на дефекти на невралната цевка кај ембрионот во развој, како и при зголемување на плодноста кај мажите и жените.
Фолната киселина е поврзана со спречување на други компликации кои што можат да се појават при бременоста или породувањето, вклучувајќи ја прееклампсијата, расцеп на усницата и непцето, вродените срцеви мани.
Списокот на здравствените придобивки поврзани со бременоста кои што ѝ се припишуваат на фолната киселина е голем и растечки, така што артичоките се фантастичен додаток на исхраната на секоја бремена жена или доилка.
8. ЗАШТИТА ОД РАК
Артичоките се богати со антиоксиданти од типот полифеноли кои помагаат во спречување на повеќе типови рак, како – рак на дојка, рак на простата и леукемија. Главните антиоксидантни својства кои се наоѓаат во екстрактот на артичоката помагаат да се индуцира програмирана клеточна смрт – апоптоза (изумирање на клетките на дневна основа која е корисна) и да се забави порастот на канцер клетките. Германски истражувачи пронашле дека фитохемикалиите на артичоката предизвикуваат блокада во распространување на клетките на ракот.
9. ЗДРАВИ КОСКИ
Една од придобивките на витаминот К е улогата во формирање на коските и одржување на здравјето на истите.
Артичоките исто така содржат витамин Ц, кој е познат како засилувач на имунитетот, директно е вклучен во создавањето на протениот познат како колаген. Колагенот е од суштинско значење за здравјето на нашата кожа, коски и сврзните ткива.
10. МЕТАБОЛИЧКА ФУНКЦИЈА
Уште една интересна нутритивна придобивка од артичоката е манганот. Ензимите кои се активирани од манганот помагаат во регулирање на метаболизот, амино киселините, масните киселини, неопходни во овможување на организмот да ги искоритува хранливите состојки од храната што ја внесуваме. Ако пробувате да намалите тежина и да го регулирате метаболизмот содржината на манганот во артичоките е одлична за оваа цел.
Започни уште денес! Погрижи се за сопственото здравје! Нарачај Nature Essential – Артичока!
Продажни места на Nature Essential – Артичока:
EUROFARM Аптеки, Виола Аптеки, Галениум Аптеки, dm-дрогерии, COSMO-дрогерии и сите подобро снабдени аптеки.
Направете брза онлајн нарачка:
https://alfalab.mk/proizvodi/articoka
Телефон за нарачка : (02) 3218-821
(Секој работен ден од 8:30 до 15:30 часот)
Достава до вашата домашна адреса