10 начини како да го намалите високиот крвен притисок без апче! (прв дел)

Доколку имате висок крвен притисок сигурно земате апчиња за намалување или треба да почнете…Но, начинот на живеење игра важна улога во лекувањето на вашиот висок крвен притисок. Ако успешно го контролирате крвниот притисок со здрав начин на живот, може да ја избегнете, одложувате или намалувате потребата од лекување и апчиња.
Еве 10 промени во животниот стил што можете да ги направите за да го намалите крвниот притисок.

Доколку имате прекумерна тежина, ослабнете некое кило
Крвниот притисок често се зголемува со зголемување на телесната тежина. Со прекумерна тежина, исто така, може да се предизвика нарушено дишење додека спиете (апнеја), што дополнително го зголемува крвниот притисок. Губењето на тежината е една од најефективните промени во животниот стил за контрола на крвниот притисок. Губењето само 4-5 килограми може да помогне во намалувањето на крвниот притисок.


Според обемот на половината може да ја контролирате тежината. Генерално:
Мажите се изложени на ризик ако обемот на половината е поголем од 102 сантиметри.
Жените се изложени на ризик ако обемот е поголем од 89 сантиметри.

Вежбајте редовно
Редовна физичка активност – најмалку 30 минути во повеќето денови во неделата – може да го намали крвниот притисок. Важно е да бидете упорни, бидејќи ако престанете да вежбате, вашиот крвен притисок може повторно да се зголеми. Ако имате малку висок крвен притисок (прехипертензија), вежбањето може да ви помогне да избегнете развивање на целосна хипертензија. Ако веќе имате хипертензија, редовната физичка активност може да го намали крвниот притисок до побезбедни нивоа. Најдобрите видови на вежбање за намалување на крвниот притисок вклучуваат одење, џогирање, возење велосипед, пливање или танцување.

Јадете здрава храна
Јадењето храна која е богата со цели зрна, овошје, зеленчук и нискомасни млечни производи и помалку масти и холестерол може да го намали крвниот притисок до 14 mm Hg. Овој план за јадење е познат како диетални пристапи за стопирање на хипертензијата. Не е лесно да ги промените навиките за јадење, но со овие совети, можете да пробате со здрава исхрана:
Водете дневник за храна. Пишувајте го она што го јадете, дури и за само една недела ќе ви прерасне во навика и ќе почнете да се храните здраво.
Размислете за зголемување на внесот на калиум. Калиумот може да ги намали ефектите на натриумот врз крвниот притисок. Најдобар извор на калиум се овошјето и зеленчукот.
Бидете паметни купувачи. Прочитајте ги етикетите за храна кога купувате и држите се до планот за здрава исхрана.

Намалување на натриум во вашата исхрана
Дури и мало намалување на натриумот во исхраната може да го намали крвниот притисок од 2 до 8 mm Hg.
За намалување на внесот на натриум во вашата исхрана, разгледајте ги овие совети:
Прочитајте ги етикети за храна. Доколку е можно, одберете ниско-натриумски алтернативи од храната и пијалоците кои обично ги купувате.
Јадете помалку преработена храна. Повеќето натриум се додава за време на обработката.
Не додавајте сол ви храната. Користете билки или зачини за да додадете вкус на вашата храна.

Не пијте многу алкохол
Алкохолот може да биде и добар и лош за вашето здравје. Во мали количини, тој потенцијално може да го намали крвниот притисок од 2 до 4 mm Hg. Но, тој заштитен ефект е изгубен ако пиете премногу алкохол – обично повеќе од еден пијалок дневно за жени и за мажи постари од 65 години или повеќе од два на ден за мажи на возраст од 65 години и помлади.