Постојано вежбање, секој ден…малку е недостижно. Многу луѓе почнуваат, но брзо се откажуваат. Многумина од нас немаат време секој ден да изгубат 1-2 саати во теретана или во сала за вежбање. Локацијата е друг проблем кој одзема дополнително време, на некои места членството е скапо, особено ако ви треба личен тренер и така цело време ќе се тешите со некои изговори и секогаш ќе има нешто ново и ново…
Освен факторите што ги спомнавме погоре, постојат многу други работи што може да предизвикаат некое лице да се чувствува немотивирано. Ова предизвикува откажување од својот сон за постигнување подобра фигура и подобрување на нивото на физичката кондиција. За среќа, одење во сала за вежбање не е единствениот начин на кој човек може да се вклопи, да ја изгуби тежината и да се здобие со целосен тренинг на телото. Постојат многу вежби кои може да се направат во удобноста на вашиот дом и многу од овие вежби дури и не бараат скапа опрема.
Зошто да вежбаш?!
Освен згодно тело, ќе бидеш и поздрав. Вежбањето е терапија за многу болести и нарушувања. На пример, вежбањето може да помогне да се подобри функцијата на зглобовите кај оние со артритис и да се спречи тоа. Со редовни вежби можете да го подобрите вашиот имунолошки систем, менталната јасност, да го зголемите расположението и да добиете многу други придобивки, како што се ослободување од болки во грбот, болка во вратот и болка во рамениците.
Вежбање со телесна тежина…зошто?
Тренингот со телесна тежина е потполно бесплатен! Не ви се потребни никакви тегови или опрема, и тоа може да се направи секаде. Исто така, потезите што ќе ги правите се сосема природни. Вашето тело ќе развие сила; ќе ја намалите телесната тежина (или ќе стекнете тежина на мускулите, во зависност од вашите вежби и исхрана) и ќе изградите издржливост. Можете да направите сè што претходно сте правеле во салата.
Комплетни вежби за тело
Овие вежби се состојат од четири клучни движења: склекови, скокови, чучњеви и стомачни. Сето она што го гледате во некои од оние комплексни планови за тренинзи е направено од овие четири основни потези. Постојат многу варијации, но пред да ги научите, овие се неопходни.
Пред да почнете со тренингот – загрејте се!
Вашето време за одмор помеѓу вежбите треба да биде поставено на минимум. Често можете да видите луѓе во салата да зборуваат 30 минути со некој, потоа да направите 2 сета, а потоа да разговарате повторно. Ова нема да биде од корист за вашите мускули. Време за одмор помеѓу вежбите треба да биде помеѓу 30 секунди и 2 минути!
Тренинг број 1 – кардио (почетен)
- Jumping Jacks (40 seconds) – 2 times
- Burpees – 2 x 10 reps
- Side Lunges – 2 x 30 seconds
- Jumping Lunges – 10 reps
- Jumping rope – 50 seconds
Оставете две минути и повторете го циклусот.
Тренинг на цело цело тело – број 2 – Сила (почетен)
- Pushups – 3 x 10 reps
- Crunches – 2 x 15 reps
- Lunges- 2 x 20 reps
- Plank – 30 seconds
Тренинг број 3
- Diamond Pushups – 15 reps
- Bench Dips – 20 reps
- Sit-ups – 20 reps
- Russian Twist Sit-ups – 30 seconds
- Squat jumps – 10 reps
- Wall sit – 30 seconds
Треба да ги повторите овие тренинзи три пати! Одмор помеѓу вежби: 30 секунди. Одмор помеѓу циклуси: 50 секунди.
Тренинг на цело тело број 4 – кардио
- Jumping rope – (1 minute), (30 seconds)
- Jumping Squats – 2x 10 reps
- Explosive pushups – 10 seconds
- Walkouts – 10 reps
- High Jumps – 30 seconds
- Jumping Lunges – 10 reps
20 секунди одмор помеѓу вежбите.
Важно е да се истегнете на крајот од вежбањето! Ова ќе ја елиминира тензијата на мускулите и ќе ви помогне да закрепнете побрзо. Откако ќе завршите со вежбање, ладен туш! Докторот Меркола известува дека криотерапијата, или, поедноставно, ладен туш има многу предности за вашето тело по интензивен тренинг. Прво, температурата на оштетеното ткиво е покачена и студениот туш ќе помогне да се намали температурата во овие области. Студената вода, исто така, може да дејствува против болките во мускулите по тренингот, и тоа ќе помогне да се намали срцевата работа. Покрај тоа, студената вода ќе помогне да се зголеми циркулацијата на вашето тело и да помогне со минимизирање на ефектите од воспалението. За возврат, овие придобивки ќе им помогнат на вашите мускули да закрепнат многу побрзо.
Заклучок:
Секако дека вежбањето не е доволно. Мора да ја промените вашата исхрана и да се придржувате до неа.
Напорна работа и посветеност е сѐ што ви треба! Уживајте.