Честопати сме инспириани од успехот на нашите блиски. Но што всушност е она кое ги издвојува успешните луѓе од останатите?
Еве неколку совети и трикови кои главните менаџери ги откриваат како тајни на нивниот успех.
СЕ БУДАТ РАНО
Колку и да ви изгледа непривлечно, главните менаџери во Apple, Starbucks I Disney се помеѓу оние кои се будат во раните утрински часови. Наутро сме побистри и имаме автоматски полет за работата.
ИМААТ ПРИОРИТЕТИ
Повеќето успешни луѓе ја бираат најважната работа од листата на задачи и ја завршуваат прва – пред и да ги проверат своите е-мејлови, документација во фиоките, телефонските пораки. Најдобро се завршува работата на самиот почеток, а и големите задачи помалку ќе се трупаат во текот на денот.
ВЕЖБААТ
Од актери до бизнис магнати, истата пракса е дека редовно вежбаат. Што и да преферирате јога, зумба, трчање, доколку сте активни, тоа ќе направи да имате поголема енергија и ќе бидете фокусирани.
ПОСТАВУВААТ ЦЕЛИ
“Сакам да сум фит!“ или “Сакам да ме унапредат!“ ова едноставно не е доволно. Вашите цели треба да ги расцепкате на помали, поостварливи чекори. Увидете што е првиот чекор – да се запишете на пилатес или теретана или да останете подолго на работа и да ја завршите квалитетно работата.
ЧИТААТ
Бил Гејтс и Ема Вотсон се познати меѓу успешните кои имаат голем афинитет кон читањето. Книги, статии, поезија – се ова ќе ви ги прошири хоризонтите и знаењето.
ВОСПОСТАВУВААТ БАЛАНС
Дури и оние кои се на највисоките позиции во светот укажуваат на потребата од време за релаксација и да се биде со саканите и блиските. Бидете сигурни дека сте издвоиле време за себе и ова ќе спречи да “прегорите“ или да се чувствувате огорчени од работата.
СЕ ПОДГОТВУВААТ
Од грижа за изгледот до пакување на куферите и подготвување на оброк од претходната вечер, успешните луѓе се целосно спремни – кога нивниот аларм ќе заѕвони наутро.
ЗНААТ И ДА ПОБАРААТ ПОМОШ
Честопати, огромниот успех не се должи само на напорот на еден човек. Најдобриот извор на мудрост и знаење се благодарение на луѓето кои ве опкружуваат. Поврзете се со нив и послушајте ги нивните совети и сугестии. Можеби ќе ви помогнат на начин на кој не сте ни помислувале, а и можно е да е позабавно во спроведување на работите.
ЗНААТ ДА ИСТРААТ
JK Роулинг e одбиена од 13 издавачки куќи; Мајкл Џордан бил одбиен од кошаркарскиот тим во неговото средно училиште; Волт Дизни бил отпуштен од работа бидејќи имал “недостаток на имагинација“. Но овие луѓе истрајале и ги оствариле нивните соништа.
ТИЕ ДЕЈСТВУВААТ
Од врвни менаџери до најдобро продавани автори, овие луѓе дејствувале во насока на остварување на нивните соништа. Ако имате идеја за која верувате дека ќе ве однесе во успех, почнете со остварување на помали чекори кон остварување на својата цел. Никогаш не знаете што може да се случи.