Со редовно јадење овошје и зеленчук се намалува ризикот од смртност

Студија објавена ви магазинот American Journal of Epidemiology спровела истажување на преку 451,000 испитаници и во 10 земји во период од 13 години. Авторите на оваа студија со ова испитување го потврдуваат позитивното влијание на редовно конзумирање на овошје и зеленчук во однос на смртноста и тоа посебно во случај на кардиоваскулрните заболувања.

Резултатите покажуваат дека со внес на 570 грама на овошје и зеленчук дневно се намалува ризикот за 10% и ја одложува смрта за 1,2 години во однос на внес помал од 250 грама дневно. Понатаму, со поголем внес на овошје и зеленчук за 200грама се намалува ризикот од смртност за 6%. Исхрана богата со овошје и зеленчук го смалува ризикот од смртност посебно кај кардиоваскуларните заболувања.

Влијание на здравјето е посебно видлив кај луѓето кои консумирааат повеќе алкохол (намален ризик за 40%) и кај пушачите (намален ризик за 20%).

Студијата објаснува како зголемен внес на антиоксиданти преку овошјето и зеленчукот го смалуваат нивото на оксидативен стрес и воедно го спречува развојот на хронични болести.