Ослабете и зајакнете го имунитетот во сауна

Покрај тоа што ве опушта, смирува и го зајакнува имунолошкиот систем, сауната ја поттикнува циркулацијата и чистење на телото од сите отрови и што ја прави поефикасна и при губење на килограмите.   

Со потење организмот се решава од вишокот на течности. Тоа е, меѓутоа, само моментално губење килограми, бидејќи губитокот ќе го надокнадите со следниот пијалок или оброк.

Сауната ќе ви помогне во слабеењето доколку ја комбинирате со останатите методи на слабеење, било да се работи за диети или редовна физичка активност.

Престојот во сауната го забрзува метаболизмот и побрзо се согоруваат масните наслаги на стомакот и нозете. По излегувањето од сауна вашата кожа ќе биде затегната, поцврста и посјајна затоа што сите пори се отвораат и се чистат од штетни материи.