Непишани правила за среќа во бракот

Брачните правила кои на сите ни се познати се : верност, поддршка и во добро и во лошо. Меѓутоа, искусните партнери знаат дека постојат и некои непишани правила кои се подеднакво битни за успехот на бракот.

1. Не критикувајте ги пријателите на партнерот и неговото семејство

Своето семејство смеете да го критикувате само вие и никој друг. Значи, вашиот партнер исто така не смее да има коментари за вашите драги личности. Затоа и самите треба да бидете внимателни со оценките за неговото семејство и пријатели.

Ако тој е незадоволен со нив бидете покрај него како советник и пријател, но не и како поддршка во негативните оценки.

2. Несаканите совети чувајте ги за себе

Бидете му поддршка и сослушајте ги неговите проблеми, но настојувајте да го избегнете, „сезнаечкиот“ пристап.

3. Научете кога да го препуштите главниот збор

Дали секогаш се грижите за садовите или алиштата бидејќи не ви се допаѓа тоа што партнерот го прави?Дали финансиите ги преземате вие, бидејќи сметате дека тој нема да биде доволно внимателен? Престанете со ваквите навики, бидејќи многу лесно може да се заситите од преземената улога, се’ да носите на својот грб. Наместо тоа среќните двојки го прашуваат партнерот за совет или бараат помош. Тие тоа го прават како тим и тоа успешен тим.

4. Не враќајте се на старите аргументи

Расправиите се повторуваат бидејќи двојките не го решаваат својот проблем до крај. Недоразбирањата кои се „собираат“ додека не преминат во голема расправија, може да имаат фатални последици за бракот.

5. Бирајте ги битките

Успешните двојки знаат кои работи им се важни а кои не, па поради нив не вреди да се расправаат. Ако нешто многу ви пречи кажете му го тоа на партнерот и разрешете го. Имајте на ум дека неговите навики не се намерни за да ве изнервира,туку тој воопшто не е свесен како влијаат на вас.

6. Исклучете се!

Времето поминато со него нека ви биде приоритет, иако тоа би значело и исклучен телефон и интернет.