Дваесет интересни факти за сексот

Овие неколку факти за сексот сигурно ќе ве забавуваат и насмеат. Сепак, не заборавајте дека овие факти се научно докажани, колку и чудно да звучат.

1. Секој четврти маж го исклучува светлото за време на сексот.

2. Колку повеќе секс имате, се повеќе ќе сакате да имате повторно и повторно.

3. Просечната должина на машкиот пенис во ерекција е 15 сантиметри.

4. Речиси пола од мажите сметаат дека нивниот пенис е премал, додека повеќето од жените се задоволни со големината на половиот орган на својот партнер.

5. Поради апстиненција се намалува бројот на сперматозоиди кај мажите .

6. Просечен здрав маж има 300 милиони сперматозоиди во една лажица сперма.

7. Истата лажица со сперма има седум калории.

8. Просечната брзина на ејакулацијата е 45 км / ч .

9. Во текот на 30 минутен активен секс успешно согорувате 200 калории.

10. Спермата содржи протеини кои имаат исто влијание на брчките како и вашите креми – ја затегнува кожата и е одличен „фејс лифт“.

11. Луѓето и делфините се единствените живи суштества кои имаат секс само од задоволство.

12. Околу 73% од 70 годишните мажи се сеуште потентни.

13. Најпопуларно место за секс покрај спалната е автомобилот.

14. Во текот на животот поминуваме 20.160 минути,односно 336 часа,14 дена или две недели во бакнување.

15. За време на оргазмот кај жените се ослободува ендорфин кој делува како лек во намалување на болките, така што главоболката е лош изговор бидејќи сексот ви помага да се ослободите од неа.

16. Околу 75% од мажите секогаш доживуваат оргазам за време на сексуалниот однос, меѓутоа, тоа не се однесува и за жените. Само 29% од жените доживуваат оргазам за време на пенетрацијата (вагинално), додека повеќето го доживуваат со стимулација на клиторисот.

17. Возрасните мажи мислат на секс на секои седум секунди.

18. Чевлите и нозете се најчестите фетиши во западниот свет.

19. Мажите во просек доживуваат 19 ерекции во текот на денот.

20. Се претпоставува дека секој ден во светот се случуваат 100 милиони сексуални односи.