Љубителите на пилешкото со карактеристичен вкус ќе уживаат со приготвувањето и дегустирањето на овој рецепт.
Состојки:
500гр пилешки гради
100гр брашно
маслиново масло
30гр путер
сол
мелен црн пипер
Подготовка:
Исечете ги пилешките гради на парчиња и свалкајте ги во брашното измешано со сол и мелен црн пипер. Потоа месото испржете го на загреана мешавина од путер и маслиново масло. Оставете го на топло.
За сосот испржете ги исечканите чешлиња лук на растопениот путер . Во тавата додадете ги супата, павлаката и лимоновиот сок. Варете го сосoт додека не ја добие потребната густина. Посолете и зачинете со босилек и мелен црн пипер. Послужете го сосот со пилешко месо.
Добар апетит!