Ако нешто ги возбудува мажите, тоа е соблекувањето на алиштата од женското тело. Доколку му приредите сензуален стриптиз, колената уште долго ќе му се тресат, ќе ви јаде од дланките, а сексот ќе биде феноменален! Тука се и некои совети за соблекувањето со кои ќе го хипнотизирате.
- Излудете го
Облечете нешто секси. Мажите се многу заинтересирани за она што се крие под вашата облека, па под неа облечете заводлива секси долна облека. Значи обични бели “баба” килоти не доаѓаат во предвид. Облечете секси црвени чипкани килоти, танга или проѕирни .
Не заборавете на секси градник и по можност ставете и подвезици и “халтери ” – тоа тотално ќе го излуди. Високите потпетици не се излишни.
- Одберете музичка основа
Не пуштајте некоја песна чие темпо би барало од вас скокање или вртење околу шипка. Најдобро пуштете некоја амбиентална музика. Почнете да танцувате бавно и сензуално да се виткате. Кога ќе почнете да се соблекувате, може да пуштите музика со малку побрзо темпо. Не дозволувајте му да ве допира, а вие направете го тоа повремено галејќи го со вашата рака или парче облека или седнете му во скут и вртете го задникот. Кога ќе ја отстраните чорапата, ставете ја ногата во близина на неговите препони. Пуштете го малку да ја погали, а ако се занесе, тргнете му ги рацете. Не брзајте туку дадете си доволно време да можете постепено да му го откриете секој дел од телото. Веќе е луд од нетрпение, нели?
- Соблечете се’ па облечете
Тоа целосно ќе го излуди! Прво, спуштете ја прерамката од вашиот градник , а потоа вратете ја на место. Направете го ова неколку пати, а кога градникот ќе падне, покријте ги градите со раце. Работ на гаќите малку потргнете го и овозможете му накратко да го види вашето меѓуножје и задникот, а потоа покријте се повторно. Секое соблечено парче на облека фрлете му го на партнерот во раце – мирисот дополнително ќе го примами. Кога целосно ќе се соблечете, галете се и допирајте ги сите делови на телото. Одложете ја пенетрацијата што е можно повеќе. Само кога ќе го видите на работ на експлозија, дозволете му да ја преземе иницијативата.