Инспирирано од ,,Уметноста на чудесното живееење” од Џим Ронкако што има 4 годишни времиња, така има и 4 лекции кои се пресудни за вашиот живот. Станувајќи свесен за нив, учејќи ги и применувајќи ги во постоењето, без сомнеж создавате исполнет живот.
Справете се со зимите
Зимата доаѓа секоја година. Секогаш доаѓа. Се справуваме со неа, подготвувајќи се за неа. Без разлика дали тоа значи менување на нашата облека или на начинот на живот, секогаш се подготвуваме за зимата, бидејќи знаеме дека доаѓа. Истото се однесува и на вашиот живот. Тешки времиња ќе дојдат. Ничиј живот не оди како подмачкан без проблем од почеток до крај. Па, мора да бидете подготвени за тоа, за кога ќе дојде, да не се најдете на студено без палто. Бидете подготвени да се справите со „зимите“ во вашиот живот.
Искористете ја пролетта
Секоја година, после долга зима доаѓа пролетта. Ова е време кога можностите се појавуваат. Цвеќињата цветаат, а животните се будат од хибернација. Истото се однесува на вашиот живот. После време на предизвик, ќе се соочите со голема можност. ваша должност е целосно да ги искористите годишните времиња пролет кога ќе се појават. Ова е ваш момент да го засеете семето на супер работите што треба да дојдат. Никогаш не ја гледате целата убавина што животот и природата на оваа планета ја будат една година в пролет! Тоа се случува бидејќи така треба. Своето постоење прилагодете го на тој ист стандард. Направете вашата пролет да биде отскочна даска за местото каде што сакате да стигнете.
Заштите си го летото
Откако сте го засеале семето во пролет, наскоро потоа ќе дојде лето. Ова е време кога може да си ја соберете жетвата. Како што е време на забава и удобност, исто така е време кога треба да се биде внимателен. Како што Џим Рон истакнува ,,се што е добро ќе биде нападнато”. Ако не сте внимателни вашите заслуги ќе бидат украдени, уништени или пак растурени. Затоа мора да го направите потребното за да си ја заштитите жетвата. Откако веќе сте постигнале нешто во животот, мора да го браните тоа. Мора да се залагате за тоа и да ја
штитите неговата вредност. Во спротивно може да го изгубите.
Преземете одговорност во есен
Како што есента доаѓа, дрвјата менуваат боја, лисјата им паѓаат, а времето постудува. Подготвувајќи се за уште една зима, најпогодно време е да преземете целосна одговорност и за доброто и за лошото што се случило во претходните годишни веремиња. Ова е време кога може да се отворите за учење лекции кои ви ги предадоа претходните годишни времиња и се да ставите во перспектива. Се вели дека есента е време од годината кога има повеќе депресија од било кое друго годишно време. Ова се должи на тоа што луѓето не преземаат такви одговорности и не учат од претходни успеси или грешки. Само правејќи го тоа може уште еднаш да се подготвите за справување со следната зима и да ги испланирате претстојните пролет и лето.