Прва индикација дека на вашата коса и треба дополнителна заштита е во опаѓање и го губи својот природен сјај. За да ја зачувате косата сјајна и здрава испробајте ги следните регенератори за коса направени од природни состојки.
1. Зелен чај
Совршен природен препарат коj има антиоксидантски својства ги штити фоликулите на скалпот. Содржи високо ниво на витамин Е со кој се смирува скалпот, со што го успорува лачењето на лојните жлезди, кои се пак одговорни за масната кожа.
Подготовка : Во пола литар зовриена вода ставете две кесички зелен чај. Кога чајот ќе се олади, извадете ги кесичките и со нив измијте ја косата. Оставете да отстои околу четири минути и после тоа исперете ја косата со ладна вода.
2. Мед
За нега и сјај на косата се препорачува медот од цвет на лаванда, поради смирувачкото дејство, но и поради поретката течност која не се лепи за скалпот.
Подготовка : Во сад истурете три шољи млака вода и лажичка со мед од лаванда. Мешајте додека медот не се растопил, а потоа нанесете ја на косата оваа смеса по кое нема да ви треба испирање на косата.
3. Лимон
Изобилството на витамин C, но и големо количество на антиоксиданси кои ги содржи лимонот најдобро ќе ги очистат мртвите ќелии од кожата. Но, киселоста на лимонот може да го исуши скалпот, па се препорачува да се меша со маслиново масло.
Подготовка: Истискајте половина лимон и доставете 1 дл топла вода, која претходно сте ја помешале со лажица маслиново масло. Добро измешајте ги сите состојки и оставете ги на косата за околу три минути. Исплакнете ја косата со топла вода.
4. Јајца
Познато е дека јајцата се омилена намирница за сјај на косата, но нивната употреба генерално се избегнува поради непријатниот мирис што се задржува и по миење. Овој проблем може да се реши со користење на јогурт и кора од лимон.
Подготовка : Изрендајте половина кора од лимон и додадете во половина чаша јогурт. Жолчката добро измешајте ја и додајте ја во смесата. Нанесете на косата и оставете да делува најмногу пет минути, а потоа исперете ја во вода во која сте додале неколку капки етерично масло од рузмарин.
5. Јаболков оцет
Овој природен производ е богата со киселини, кои успешно ги отстранува нечистотиите од косата. Веќе по неколку плакнења со јаболков оцет, разликите во сјај во косата се многу очигледни.
Подготовка : Во сад истурете три лажици оцет и 1,5 мл врела вода. Добро измешајте ги и нанесете на косата по испирање. Оставете да отстои околу пет минути, и исперете ја косата.