Сигурно ви се има случено да одите на некој настан, а за тоа да немате желба ниту време за средување. Ако сакате да изгледате свежо и одморено по напорнипот ден, следете ги овие пет чекори и ќе добиете гламурозен изглед.
Коса
Лесни кадрици се трендовски оваа сезона. Мијте ја косата и нежно исушете ја, така што ќе формирате кадрици со електричен навиткувач (фигаро). Нема да ви треба многу време, а ќе изгледате одлично.
Очите
Истакнете ги очите со тушот за очи. Темните сенки и тушот за очи бараат повеќе напор отколку моливот за очи.
Пудра
Без разлика на тоа каков е вашиот тен, сигурно ќе изгледате посвежо ако нанесете нежно пудра или ББ крем.
Руменило
Малку руменило на образите ќе го надополни и освежи вашиот изглед во само неколку секунди.
Усни
Било која боја кармин или сјај да ја нанесете на усните нема да згрешите. Биде во согласност со трендовите и изберете силни нијанси кои одговараат на вашиот стил.